Германскиот фудбалски првак Баерни од Минхен во неделата го ангажираше младиот француски репрезентативец Микаел Куизанс.
Дваесетгодишниот играч роден во Стразбур досега настапуваше за Борусија Менхенгалдбах, а вредноста на неговиот трансфер во Минхен изнесува 10 милиони евра. Со Баварците Куизанс потпиша договор до 2024 година.
Куизанс е член на француската селекција до 20 години, а во сезоната 2017/2018 беше избран за најдобар играч на тимот од Менхенгалдбах.
Тој е инаку третиот француски фудбалер кој ова лето дојде во редовите на Баер, по бекот Лукас Ернандез и Бенжамин Павар.