Баерн го освои германскиот Суперкуп

Минхенски Баерн го освои својот јубилеен десетти германски Суперкуп, откако со 5:3 победи над Лајпциг на „Ред Бул Арена“ во саботата вечерта.

Играчите на Јулијан Нагелсман ја преземаа контролата над играта во првото полувреме и со головите на Џамал Мусијала во 14, засилувањето Садио Мане во 31 минута, кому ова му е првиот погодок откако пристигна во Баерн, и на Бенјамин Павард во 45 минута.

Марсел Халштенберг во 59 минута намали за РБ Лајпциг пред Серж Гнабри во 66 минута да ја врати предноста од три гола за Баерн. Но Кристоф Нкукну во 77 минута од пенал и Дани Олмо во 89 минута го донесоа домашните пред пресврт, но во осмата минута од судиското продолжение на мечот Лирој Сане го постави конечниот резултат.