Баерн го победи Волфсбург

Фудбалерите на минхенски Баерн пред своите навивачи го совладаа Волфсбург со 2:0 во последниот натпревар од второто коло на германската Бундеслига.

Водечкиот погодок за Баварците го постигна Џамал Мусиала во 33 минута со удар од работ на казнениот простор. На 2:0 зголеми Томас Милер кој скршна ударот на Џошуа Кимиј од шеснаесетина метри и го измами гостинскиот голман Кастелс.

Баерн постигна на мечот уште два погодока, а во двата случаи стрелец беше Садио Мане во 20 и во 74 минута, но беа поништен поради тоа што новиот напаѓач на Баварците се најде во офсајд позиција.

Фудбалерите на Мајнц и Унион Берлин одиграа без голови во првиот натпревар од неделната програма. Двете екипи во првите две кола освоија четири бодови. Унион Берлани е на петтото, а Мајнц на шестото место на табелата.

Водечките Баерн Минхен и Борусија Дортмунд имаат максимални шест бодови, а по четири бодови освен Унион Берлин и Мајнц, имаат и Келн и Борусија Менхегладбах.