Младиот фудбалер на Баер Леверкузен, 20-годишниот Флоријан Вирц е на радарот на гигантите Баерн и Барселона, пренесуваат германските медиуми.
Вирц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најбараните германски фудбалери.
Барселона веќе некое време го следи, а медиумите пренесуваат дека сега во трката се вклучил и германскиот шампион Баерн. Имено, Баварците сакаат да ја градат иднината околу Вирц и уште еден 20-годишник Џамал Мусиала, кој во Минхен пристигна во 2019 година од Челзи.
Сепак, младиот плејмејкер има долгорочен договор со Леверкузен и најверојатно ќе чини цело богатство. Вирц досега има 113 настапи за Баер и постигна 26 гола, а има забележано и 11 настапи за германскиот национален тим.