Баерн и Тотенхем постигнале договор за Кејн

Баерн Минхен и Тотенхем се договориле за трансферот на Хари Кејн во Минхен за повеќе од 100 милиони евра, што е рекордна сума за Бундеслигата, објавија во четвртокот германските и англиските медиуми.

На Баерн му требаше повеќе од една година да го доведе Хари Кејн, кој ќе го замени Роберт Левандовски во нападот.

Британската спортска веб-страница The Athletic беше првата што ја објави зделката меѓу двата клуба, по што следеа Sky Sports во Германија и неколку други англиски и германски медиуми.

Според нив, сумата за трансфер надминува 100 милиони евра, што е повеќе од првите понуди на Баерн кога претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, постави минимална цена од 100 милиони фунти (околу 116,5 милиони евра).

Триесетгодишниот Кејн наскоро ќе потпише со актуелниот германски шампион и ќе стане најскапиот играч во историјата на Бундеслигата. Претходно тој рекорд го држеше Французинот Лукас Ернандез, за кого Баерн летото 2019 година плати 80 милиони евра.

Баерн шест пати ја освојуваше Лигата на шампионите (1974, 1975, 1976, 2001, 2013, 2020 година), а најдобриот стрелец на англиската репрезентација (58 гола, пет повеќе од Вејн Руни), беше прогласен за најдобар стрелец на Премиер лигата во сезоните 2015/16, 2016/17 и 2020/21, најдобар стрелец на Светското првенство 2018, но не освои ниту еден трофеј со клубот.