Баерн ја стаса Борусија Дортмунд

Во дербито на 24-то коло на германското фудбалско првенство во саботата актуелниот шампион Баерн Минхен на гостувањето со 5:1 ја совлада Борусија Менхенгладбах, исткорустивајќи го вчерачниот кикс на водечката Борусија Дортмунд која загуби со 1:2 кај Аугсбург па сега двата тима на врвот имаат по 54 бодови.

Борусија Дортмунд на половина од првенството имаше дури девет бодови предност пред Баерн, но во седумте кола од вториот дел од сезината ја загуби сета предност. Тимот од Дортмунд сѐ уште води на табелата, но само поради малку подобрата гол-разлика.

Баерн одигра одличен меч во Менхенгладбах реванширајќи ѝ се на Борусија за домашниот пораз од 0:3 во октомври минатата годиона. Баварците веќе во 11 минута водеа со 2:0, со головите на Хави Мартинез во 2 и Томас Милер во 11 минута. Намали Ларс Стиндл во 37 минута, но гостите возвратија со три нови гола. Стрелци беа Роберт Левандовски во 47 и 90 минута од пенал и на Серж Габри во 75 минута.

Со двата погодока Роберт Левандовски го израмни рекордот на Клаудио Пизаро од 195 голови, како странски играч со најголем број голови постигнати во Бундеслигата.

Тимод од Менхенгладбах остана на четвртото место со 43 бодови, два помпакки од третопласираниот РБ Лајпциг кој во саботата славеше со голот на Луакс Киостерман во 40 минута на гостувањето кај Нирбнерг, остана на дното со само 13 бодови. Домашните во 10 минута имаа пенал, но Хано Бехренс ја погоди стативата.

Одличен натпревар со пет голови одграа во Франкфурт Ајнтрахт и Хофенхајм, а славеа домашните со 3:2. Ајнтрахт поведе со 1:0 во 20 минута преку Гилип Костич, но Хофенхајм направи пресврт со погодоците на Џоелинтон во 43 и Ишак Белфодил во 60 минута. Но веќе во 66 минута исклучување заработи гостинскиот играч Касим Нуху, што домашните го искористија постигнувајќи два гола во самиот финиш. Прво во 89 минута погоди за израмнување Себастијан Халер а победничкиот погодок го постигна Коншало Пасинесиа во шестата минута од судиското продолжение.

Ајнтрахт се искачи на петтото место со 40 бодови, три помалку од Борусија М, а еден од Баер Леверкузен, додека Хофенхајм е деветти со 34 бодови.

Баер Леверкузен со головите на Шарл Арануиз во 4 и Леон Бејли во 74 минтуа рутински стаса до победата против Фрајбург кој е 13-ти со 27 бодови.

Фортуна на гости го декласираше Шалке со 0:4. Стрелци за гостите беа Доди Лукебакио во 35 минута од пенал, Давид Ковнацки во 62 и 84 минута, и Беното Раман во 68 минута. Фортуна сега е 11-та со 34 бодови, а Шалке е на 14-то место со 23 бодови.

Херта дома направи пресврт и со 2:1 го победи Мајнц. Гостите поведоа во 46 минута со автоголот на Никлас Штарк, кој во 60 минута се искупи и го постигна победничкиот погодок за својот тим, а претходно во 50 минута израмни Марко Грујиќ. Херта е осма со 35 бодови, а пет помалку има Мајнц на 12-то место.

Во недела играат екипите од самото дно на Бундеслигата, Штутгарт – Хановер и високпласираните Волсфбург и Вердер.