Баерн (М) го користи киксот на сите ривали

Саботниот дерби натпревар од 22. коло во германска Бундес лига, дуелот помеѓу претендентите за едно од трите места кои водат директно во групната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, Волфсбург и Баер од Леверкузен заврши со триумф на домаќинот од 3:1.

Убедлив пораз од 3:0 на гостувањето во Хамбург, доживеа вицешампионот на Германија, тимот на Борусија од Дортмунд.Минимален, но злато вреден триумф на тешкото гостување во Штутгарт забележа нивајлијата во елитното друштво, тимот на Херта од Берлин.

Актуелниот шампион и лидер на првенствената табела, тимот на Баерн (М) важи за апсолутен фаворит во денешниот првенствен дуел против екипата на Хановер, а делеку поголема неизвесност и борба до последниот судиски свиреж се очекува на дуелот помеѓу екипите на Ајнтрахт од Франкфурт и Вердер од Бремен.

Резултати: Фрајбург – Аугсбург 2-4, Мехенгладбах – Хофенхајм 2-2, Хамбургер – Дортмунд 3-0, Нирнберг – Браушвајг 2-1, Штутгарт – Херта 1-2, Волфсбург – Леверкузен 3:1.