Спортскиот директор на најтрофејниот клуб во германската Бундес лига, Баерн (М), Матиас Замер, потврди дека баварскиот гигант ќе ангажира уште неколку квалитетни фудбалери за време на летниот преоден рок.
До сега, Баерн (М) ги осигура услугите на репрезентативецот на Полска, Роберт Левандовски, а Пеп Гвардиола во новата сезона на располагање ќе ги има и услугите на поранешниот играч за врска на Ајнтрахт од Франкфурт, Себастијан Роде и на младинскиот репрезентативец на Шпанија, Хуан Бенат.
„Летниот преоден рок ќе заврши на 31 август, тоа значи дека имаме на располагање уште неколку недели. Мора да бидеме внимателни, убаво да размислиме пред да донесеме некоја важна одлука. Сите опции се во игра, можно да бидеме мирни, но голема е веројатноста дека ќе ангажираме уште неколку фудбалери до крајот на преодниот рок. Нашиот тренер веќе располага со доволен број нафудбалери, но не смееме да заборавивме дека Баерн (М) не ја освои шампионската титула по завршувањето на Мундијалот во Германија и Јужна Африка”, изјави Замер.
Главниот оперативец на баварскиот гигант ќе се обиде до крајот од летниот преоден рок да ги осигура услугите на најдобриот фудбалер во дресот на Борусија од Дортмунд, Марко Ројс кој е проценет на 35 мил. евра.