Баерн Минхен го казни Мане со 500.000 евра

Раководството на германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен ја исполни својата закана и жестоко го казни Садио Мане, кој си дозволи да го удри соиграчот Лерој Сане по поразот со 0-3 од Манчестер Сити во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Според „Билд“, сенегалскиот напаѓач ќе мора да плати 500.000 евра. Претходно Баварците и официјално објавија дека Мане нема да биде вклучен во составот за домашниот меч против Хофенхајм во Бундес-лигата и ќе се соочи и со финансиска казна. Освен резултатот и репликите разменети со Сане, поранешниот играч на Ливерпул беше вознемирен и крена рака кон својот соиграч.