Баерн Минхен го прегази Унион Берлин

Германскиот шампион Баерн Минхен успеа да се рехабилитира од срамниот Куп пораз од Борусија Менхегладбах на кој прими пет гола и ова попладне постигна исто толку голови во мрежата на Унион Берлин.

Германскиот првак се врати на победничките патеки во домашното првенство, но тренерот Нагелсман сигурно ќе има причини за корекции во играта, бидејќи неговиот тим одново прими два гола.

Баерн победи со 2:5 на натпреварот на кој Роберт Левандовски постигна два погодоци, но кој ќе се памети и по едно извонредно движење и неверојатно додавање кое го изведе во првиот дел.

По постигнатите два гола, популарниот Леви режирање спектакуларно додавање, но за жал, Лерој Сане ја упропасти асистенција на годината и не стрелаше во дадената ситуација. Во продолжение, Сане се запиша во листата на стрелците и погоди за 0:3, а до крајот на мечот видовме уште четири гола, по два на двете страни.

Унион Берлин намали на 1:3 преку Гиселман, Коман зголеми на 1:4, во игра го врати одново домаќинот Ријерсон, но крај на сите надежи на домаќините стави Томас Милер со голот во 79-та минута.