Баерн ремизираше кај Ајнтрахт, но го задржа врвот на Бундеслигата

Во дербито од шестото коло од германската права лига, Ајнтрахт и Баерн одиграа 3:3 во Франкфурт, а Баварците и со бод повторно се на врвот во Бундеслигата.

Најдобриот стрелец на Ајнтрахт Франкфурт во Бундеслигата, Египќанецот Омар Мармуш, постигна два гола, вторпат во судиското продолжение за нерешени 3:3.

Баерн, очајно барајќи рехабилитација по поразот од Астон Вила во Лигата на шампионите во средината на семицата и минатонеделното реми во Бундеслигата на домашен терен против Баер Леверкузен, имаше подобар почетокот на натпреварот и поведе преку Кореецот Ким Мин-јае во водство во 15. минута. Сепак, нивната радост беше краткотрајна, бидејќи Мармуш го заврши молскавично брзиот пробив со добар удар покрај голманот Мануел Нојер за да израмни седум минути подоцна. Египетскиот напаѓач, кој досега постигна осум гола на шест првенствени натпревари, потоа одлично асистираше при уште еден контранапад во 35. минута, кој го реализираше Уго Екитике. Баерн возврати три минути подоцна и израмни со погоокот на Дајот Упамекан од непосредна близина, а потоа поведе преку Мајкл Олисе во 53. Во четвртата минута од судиското надополнување, Мармуш израмни и ги спаси домашните о пораз.

Баерн сега има 14 бода и води на табелата со гол разлика пред РБ Лајпциг, кој победи со 1:0 кај Хајденхајм претходно во неделата. Трет е Ајнтрахт со 13 бодови. Тимот од Саксонија победи со голот постигнат во 59. минута кога прецизен беше Белгиецот Лоис Опенда. На крајот од мечот домаќините беа многу подобри и поопасни, но Лајпциг се одбрани до крајот, а неколкупати се истакна голманот Петер Ѓулаши.