„Баерн“ рутински меѓу четирите најдобри во Европа

Играчите на „Барен“ Минхен се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампиони откако одиграа без голови на „Алианц Арена“ во реваншот против „Севилја“ и ја одбранија предноста од 2:1 во првиот меч во Шпанија.
Германците вечерва само ја потврдија визата за полуфиналето, а на „Севилја“ и остана за утеха дека е една од ретките екипи кои не примиле гол во Минхен.

За разлика од останатите три меча од четврфиналето на ЛШ каде имаше многу голови и сензационални резултати, натпреварот во Минхен помина без вистински шанси, иако двете екипи играа борбен фудбал.
Вредно за напомена е само црвениот картон на Кореа од последните секунди од натпреварот, кој крвнички стартуваше врз домашниот напаѓач Мартинез, по што за малку не дојде до тепачка меѓу реервните играчи на двата тима.