Баерн со трансфер удар: Кутињо доаѓа на „Алијанц Арена“

Филипе Кутињо ќе игра на заем во Баерн (Минхен). Веста ја потврди директорот на Барселона, Гиљермо Амор.

Играчот од средниот ред требаше да игра за Каталонците на денешниот натпревар против Атлетик Билбао, но во последните часови тој беше отстранет од групата. Кутињо се очекува да пристигне во Минхен во недела.

Тој се согласил на трансферот по средбата со шефот на баварците Карл-Хајнц Румениге во главниот град на Каталонија пред два дена.

Овој потег на Кутињо може да ги зголеми шансите Нејмар да се врати од Пари Сен Жермен на „Камп Ноу“.