Баерн во третото последователно финале на Германскиот куп

Минхенски Баерн трета година по ред се пласираше во финалето на националниот куп каде што ќе се сретне со Баер од Леверкузен, откако во средата на својата „Алијанц Арена“ го совлада Ајнтрахт од Франкфурт.

Баерн релативно рано дојде во водство, во 14 минута кога Томас Милер нафрли, а Иван Перишиќ поентираше со глава. Ајнтрахт израмни во второто полувреме, кога во игра влегоа Дани да Коста и Камада, во 70 минута вториот асистираше а првиот беше стрелец. Меѓутоа, пет минути подоцна Робер Левандовски го постигна победоносниот гол за баварците, а неговиот погодок беше признат по прегледот на видео-снимката.

Во финалето на 4-ти јули во Берлин, Баерн ќе се сретне со Баер кој во вторникот како гостин го совлада Саарбрикен со 3:0.

Баерн досега 19 пати го освојувал пехарот во Германскиот куп, а четири пати бил поразуван во финалето.

За Баер Леверкузан, пак, ова ќе биде четврт настап во финалето на националниот куп во клупската историја, и досега има освоена една титула во 1993 година, додека во 2002 и 2009 година беше позарен во завршницата од Шалке 04 односно Вередер.