Во текот на викендот, култниот инвеститор Ворен Бафет повторно беше во центарот на медиумското внимание на редовното годишно собрание на акционерите на холдинг компанијата Беркшир Хатавеј.
Бафет предупредува дека банките би можеле да продолжат да бидат под притисок, како и пазарот на комерцијални недвижности. На економскиот бум веројатно му се ближи крајот, вели тој, но сепак има верба во Apple.
Бафет не верува дека доларот ќе го изгуби статусот на светска резервна валута, а уште помалку дека би можел да биде заменет со биткоин („Смешно е да се размислува за некои токени да станат резервна валута, тоа е лудо“), иако тој признава дека е исто толку лудо што ФЕД печати пари.
Сервираше уште некои други мудри мисли. Појавата на вештачка интелигенција ја спореди со развојот на атомската бомба, ја истакна важноста на добрината и тврдеше дека познава богати луѓе кои умирале без пријатели.