Познатиот ивнеститор Варен Бафет во понеделникот донирал околу 3,17 милијарди долари во акции од својата компанија „Berkshire Hathaway“ во фондацијата „Bill & Melinda Gates“ и на четирите семејни добротворни организации, што е негов најголем поединечен продонес во над деценија старата идеја и намера поголемиот дел од своето богатство да го даде во добротворни цели.
Дванаесеттата годишна донација на Ворен Бафет за петте добротворни организации вклучувала 18,63 милиони акции од серијата „Б“ на компанијата „Berkshire Hathaway“, со поединечна вредност од 170,25 долари според пазарната цена од понеделникот.
Компанијата објави дека 86-годишниот Бафет од 2006 година во полза на активностите на петте хуманитарни организации донирал 27,54 милијарди долари, вклучително и околу 21,9 милијарди во фондацијата „Bill & Melinda Gates“.
Бафет поседува уште околу 17 отсто од конгломератот „Berkshire Hathaway“, чиешто седиште е во Омаха во сојузната американска држава Небраска, кој милијардерот го води и гради од 1965 година, и покрај тоа што повеќе од 40 отсто од уделот ги подари.
Фондацијата „Bill & Melinda Gates“, којашто е насочена на унапредувње на здравствената грижа, намалувње на сиромаштијата и развојот на образованието, од донации од понеделникот примила околу 2,42 милијарди долари. Бил Гејтс е близок пријател со Бафет и е директор на „Berkshire Hathaway“.
Бафет, исто така, донирал во фондаијата „Susan Thompson Buffett“, именувана по неговата почината сопруга, како и во фондациите „Howard G. Buffett“, „Sherwood“ и „NoVo“, кои ги основаа неговите деца Хауард, Сузан и Питер.
По понеделничката донација Бафет според магазинот Forbes останува на четвртото место на листата најбогати личности на светот.
Пред објавувањето на донациите, Forbes нето вредноста на богатството на Бафет ја проценуваше на 76,3 милијарди долари, додека побогати од него се коосновачот на „Mocrosoft“, Бил Гејтс со 89,4 милијарди долари, основачот на компанијата за продажба на интернет „Amazon“, Џеф Безос со 84,8 милијарди долари, и шпанскиот претприемач и сопственик на неколку модни синџири Амансио Ортега со 81,8 милијарди долари.