Баги Биг Бенд со видео за Светскиот ден на џезот

Баги Комуникации и оваа година се вклучи во прославата на Светскиот ден на џезот, што се одбележува на 30 април. Поради глобалната забрана за јавни собири, беше организирано масовно снимање на домашни видеа од музичари од целиот свет под мотото #JazzDayAtHome 2020.

Како што соопшти Баги Комуникации, од нашата држава е испратена верзијата на џез нумерата „Take five“ во изведба на Баги Биг Бенд под водство на Љупчо Мирковски.

Во видеото свират: Александар Јовевски – кавал, Бобан Мирковски – пијано, Никола Автовски – бас, Љупчо Соколовски – клавијатури и Ставре Ставрев – перкусии.

Нумерата може да се слушне на линкот https://www.facebook.com/intljazzday/videos/240724930321856/

Деветтото издание на прославата на Денот на џезот оваа година беше виртуелно, со видео стрим на голем концерт со музичари од целиот свет, а беше воден од Herbie Hancock, Forest Whitaker и Morgan Freeman. Меѓу другите музичари, настапија и Marcus Miller, Lang Lang, Charlie Puth, John McLaughlin, Cécile McLorin Salvant, Jane Monheit, Alune Wade, John Beasley, Lee Ritenour, Lizz Wright, John Scofield, Igor Butman, Evgeny Pobozhiy, Youn Sun Nah, A Bu, Dee Dee Bridgewater, Dianne Reeves и Joey DeFrancesco. Беа органиизрани и повеќе онлајн работилиници, мастеркласови и дискусии.