Бахмут под постојани напади, ситуацијата „критична“

Во четвртокот наутро украинските сили сѐ уште држат позиции во уништениот Бахмут, а се под постојан напад на руските војници кои се обидуват со минимизирање на своите загуби да го заземат градот од кој се отвора можност за напредување во сите правци натаму на украинската територија.

Русија смета дека заземањето на Бахмут (Артемјовск, на руски) ќе го отвори патот за целосна контрола врз остатокот од стратешкиот индустриски регион Донбас што граничи со Русија, што е една од главните цели на инвазијата што започна на 24-ти февруари минатата година. Украина и нејзините западни сојузници, пак, откако претходно ја истакнуваа важноста на градот, сег тврдат дека Бахмут има ограничено стратешко значење, но и покрај тоа пружаат жесток отпор.

Пратеникот во украинскиот парламент, Серхи Рахманин, смета дека одбраната на Бахмут веројатно не може да продолжи бесконечно.

„Верувам дека порано или подоцна веројатно ќе треба да го напуштиме Бахмут. Нема смисла да се држиме за тоа по секоја цена“, изјави тој за радиото NV во средата, но истовремено истакна дека Бахмут во моментов се брани со неколку цели – да ѝ нанесе што повеќе загуби на Русија и да ја натера да користи муниција и ресурси.

Борбите околу Бахмут започна пред околу седум месеци, но во последните недели Русите напредуваа на три страни, оставајќи ги украинските бранители со излез на запад.

„Постои опасност нашиот гарнизон во Бахмут да биде опколен“, рече воениот аналитичар Олех Жданов во објава на YouTube, опишувајќи ја ситуацијата како „критична“. Жданов појасни дека рускиот непријател се обидува да ги пресече патиштата што се користат за снабдување на украинските сили во Бахмут.

„Руските сили не можат да победат во уличните битки во Бахмут или да го заземат градот со директен напад. Единствениот начин на кој можат да го преземат е да го опколат“, рече Жданов.

Но, според извештаите на руските аналитичари, чудно е зошто руските сили остануваат еден правец за носење на боиштето дополнителни украински единици и опрема. Според некои од нив, целта на руската војска е во опсадениот Бахмут да ги „меле“ елитните украински сили, на што уште пред два месеца предупредија САД повикувајќи го Киев да ги штеди тамошните единици на најавената пролетна офанзивај

Украинските војници се под „колосален“ притисок од Русите да ги напуштат своите позиции на источниот брег на реката Бахмутка, тврди Жданов, додавајќи дека руските напади се постојани.

„Тие внесуваат засилување во камиони и ги носат своите повредени во истите камиони. Овој процес е постојан, како подвижна лента, 24 часа на ден“, тврди Жденов чии процени се дијаметрлно спротивни со извештаите и во украинските медиуми.

 

Гранатирани повеќе од 40 градови и села

Украинската војска доцна во средата соопшти дека Русите се обидуваат да напредуваат кон Бахмут „без прекин“, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски тврдеше дека неговите сили „го држат под контрола секој сектор од фронтот“.

Руските сили, исто така, се подготвуваат за нови напади во регионот Запорожје и на јужниот фронт во регионот Херсон, соопшти украинската војска, додавајќи дека биле гранатирани повеќе од 40 градови и села, вклучително и Херсон и други градови на западниот брег на реката Дњепар, кои Русија стратешки ги напушти во ноември.

 

Зеленски: Зимата заврши, но заканата за енергетскиот систем останува

Украинците и Русите традиционално го одбележуваат 1-ви март како почеток на пролетта, а Зеленски рече дека иако секој Украинец почувствувал тешкотии, зимата е завршена и за време на неа, благодарение на напорите на владата, Украина успеала да се снабди со енергија и топлина.

„Сепак, заканата за енергетскиот систем останува. И продолжува работата за да се осигура дека енергетскиот систем ќе продолжи да функционира“, рече Зеленски во видео пораката по состанокот посветен на енергетските прашања.