Бајадера со бисквити и со ресани

Бајадера со бисквити и со ресани
Бајадера со бисквити и со ресани

СОСТОЈКИ:
500 г бисквити

2 пудинзи од ванила

2 пудинзи од чоколадо

1 маргарин

250 г шеќер во прав

2 пакетчиња ресана

1 л млеко

2 кесички шлаг

ПРИГОТВУВАЊЕ:

  1. Маргаринот го делиме на половина. Секоја половина ја матиме со половина пакетче шеќер во прав (и него го делиме на половина), значи, 125 г маргарин се мати со 125 г шеќер во прав.
    2. Пудинзите одделно се варат, два по два. Двата пудинга од чоколадо ги вариме во половина литар млеко. Исто така, и двата пудинзи од ванила. По желба додаваме шеќер.
    3. Во секој пудинг ставаме дел од маргаринот изматен со шеќер во прав. По желба можеме да додадеме и крем од жолчки, млеко и брашно.
  2. Бисквитите ги ставаме во долгнавест плех. Формираме кора од нив. Прво ставаме од белиот фил, потоа се редат „ресаните“ со чоколадниот дел надолу, па дел од црниот фил.