Бакарни кабли се крадат и од полициски станици!

Растот на цената на бакарот е клучната причина за честите кражби. Кај нас постојат приватни компании кои вршат откуп на различни видови метали, меѓу кои и бакарот. Се откупуваат стари возила, отпад од електрична и електронска опрема, разорен материјал и други видови на отпад. По преработката се прават секундарни производи – суровини од челик, бакар месинг, железо или алуминиум.

До каде е отидена неконтролираната „мисија“ на ваквите сѐ „попопуларни“ кражби, покажува и примерот дека бакар е украден и од трафостаница во надлежност на полициската станица за граничен надзор „Чашка“. А, за иронијата да биде поголема, непотврдени информации упатуваат дека кражбата ја извршиле токму полициски службеници.

 

Инаку, бакарот се рециклира без никакво губење на квалитетот, како од сурова состојба, така и од производите. Во обем, овој метал е трет најмногу рециклиран по железото и алуминиумот.