Владимир Талески е чесен и искрен градоначалник и пред се многу добар човек, кој не би ги прекршил законите на Република Македонија, оцени градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески.
Јас лично го познавам градоначалникот Владимир Талески и го познавам како чесен и пред се многу добар човек и не верувам дека би направил дела со кои би ги прекршил законите на Република Македонија. Верувам дека низ една регуларна судска постапка или правна процедура тој ќе го докаже тоа, рече Бакрачески.
Градоначалникот на Охрид исто така изрази и верба во правосудниот систем на РМ и во судските органи.
Верувам дека тие ќе донесуваат одлуки, односно ќе судат во согласност со востановената судска пракса и според Уставот и Законите, а ослободени од политички влијанија и идеолошки предрасуди, додаде Бакрачески.