Бурна расправа за предлогот Кејот Маршал Тито да се преименува во Кеј Македонија која на крај резултура со 15 гласови „за“, само четири опозицинери беа против, додека советничката од НСДП, ВерицаХајба, остана воздржана.
Двајцата советници на ВМРО-НП гласаа за промена на името на кејот и не ги поддржаа ставовите на опозициските партии.
Советниците од опозициските партии СДСМ и ЛДП беа против преименување на кејот одкако што повеќето од нив рекоа лични и интимни причини и поврзаност со сегашното име на кејот во нивните спомени од животот.
“Звучна” беше изјавата на советникот од ЛДП, Дејан Блажески, кој кажа дека не можел да свати зошто некој сакал да го избрише Тито од историјата кога Германците, како што рече, не се срамеле од Хитлер
– Не знам зошто би се менувало името на кејот. Ако ги погледнете Германците денес тие не се срамат од Хитлер и не се трудат да избришат ништо од таа историја која тој ја создал, иако убил милиони луѓе низ целиот свет, изјави Блажески.
Блажески не ги одмина ни медиумите кои одработувале за промена на името на кејот.
– Спинерите инсталриани во медиумите веќе одработија и креираа мислење да се смени името на кејот. Јавноста веќе ја спремија и сега секоја наша дебата овде е излишна. Спин докторите се наштеловаа и повеќе нема простор ни да си за ни да си против, рече на говорницата Блажески.
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески рече дека неможе да поверува дека некој во Охрид го оспорува името Македонија. Одговарајќи на прозивките и прашањата кои до него од говорницата ги упатија опозицкисте советници кажа дека е видно зачуден од како што кажа она што слушнал од дискусиите, а посебно од спомнувањето на Хитлер.
–Мотив да излезам на оваа говорница и да дискутирам по оваа точка на дневен ред за која сметав дека ќе помине многу глатко и дека овде ќе биде поздравена со акламација од сите присутни, без разлика дали се позиција или опозиција или гости, претставници на локалната самоуправа или медиуми или било кој. Јас мислев дека оваа расправа во првата минута ќе заврши дури мислев дека нема да има нешто такво туку дека само со акламација ќе се презентира поздравување на оваа иницијатива. За жал внимателно ги следев сите дискутанти до сега и за жал не можев да поверувам ни на своите очи и на своите уши дека ова се случува дури и се мислам дали има претставници од серијал на Скриена камера и ги гледаат дискусиите овде. Навистина не се шегувам. Јас добив впечаток дека овдека локалната самоуправа даде предлог за смена на името кеј Мршал Тито во Кеј Адолф Хитлер, Бенито Мусолини, Садам Хусеин, Муамер Гадафи, Хосни Мубарак, Пиноче. Од овие дискусии јас таков впечаток добив, вакви жолчни расправии за името Македонија мислам дека ни во моите соништа не можев да очекувам дека ќе ги слаушнам токму овде присутен. Јас ова што го кажувам и навистина сум сериозен и не мислам да спинувам туку онака како што претставниците на опозицијата прикажуваат дека го доживеале и јас така ја доживувам оваа седница. Дури слушнав некои квалификации како Крадење на името Јосип Броз Тито, одемање на правото,. Значи цитирам она што го слушнав во дискусиите. Значи кое право на Јосип Броз Тито. Би Ве запршал сите вас во која широка расправа се даваа илјадници и десетици имиња на топоними , на улици, на градови на села на прозиводи Јосип Броз Тито, за сега да кажувате дека некој го краде името Кеј Маршал Тито – рече Бакрачески
Тој додаде и дека не ја разбира нивната идеолошка марица од која тие уште долго нема да се разделат.
-Тоа ми е соврешено јасно и не случајно резултатот на последните избори и во последните осум години е вакво каков што е. Не случајно вие се’ уште живеете во сонот од 1991 до 2006 година кога најголемиот дел од периодот бевте на власт. Значи ова беше доволно време македонските граѓани да ги согледаат заблудите кои цели 45 години, во сите учебници, книги и помагала на прва страна имавте слика од Другарот Тито и пишуваше Друагар Тито ние ти се колнеме. Јас веројатно за разлика од другите со оглед на тоа што од 70-та година до 1991 година немав никакава можност да читам никава друга литратура освен онаа која на прават страница го имаше другарот тито. Вообичаено ако немате некој друг извор на информации ќе верувате на тој што го имате, а едниствениот извор на информаци беше тој кој на прават страна го имаше титовото јас. И се разбира дека ќе бидете следбеници на таа идеологија, меѓутоа таа идеологија пред 45 година не постоеше ниту пак потои по 1991 година. За среќа во едно демократско општество како што е македонското луѓето имаат можност да користат и други извори на информации вклучително и историски факти пред се’ од релевантни светски извори кои моногу подобро ја разбираат историјата на втората светска војна и поствоениот период од 1945 година и во кои извори за Тито се пишува дека бил диктатор и тоа насекаде. Јас ќе поправам една од советничките дека Тито бил прогласен за диктатор во Словенија, не е точно дека само во Словенија, тој за цел свет е прогласен како диктатор, онака како што се прогласуваат за диктатори Муамер Гадафи, Хосни Мубарак, Садам Хусенин, за кои што вие ако ги прашате грашаните на Либија на пример кога подобро се живееше дали сега или претходно со Муамер Гадафи , ќе ви одговорат дека тогаш подобро живееле меѓутоа Гадафи за цел свет е диктатор, исто како што за цел свет е Тито диктатор. Јас не знам како не се срамите грчевито и жестоко да го браните името на Тито, изјави Бакрачески.
Тој обраќањето го заврши со реченицата: „Кејот од денеска ќе се вика Македонија“. По неготово обараќње никој не се јави за збор ниту пак реплицира.