Бакрачески: Овој ден да донесе голема победа за Иванов и ВМРО-ДПМНЕ

Дваесет и четврти март е ден кога беше прогласена најголемата победа во историјата на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

Се надевам дека токму овој ден ќе донесе голема победа за Иванов и за ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори.

Ова попладнево го истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески пред почетокот на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ.

„Стотици колони од цела Македонија се упатија на охридскиот плоштад да испратат силна порака дека патот кој ние го трасираме е вистинскиот и носи сигурна иднина и воедно да бидат сигурни дека нивниот глас е дел од таа иднина“, нагласи Бакрачески.

Тој посочи дека Иванов во изминатиот мандат покажал чесност и доблесност, цврстина и конзистентост и на широко ги отвори вратите за Република Македнија во светот.

Охридскиот градоначалник нагласи дека Иванов е човекот со кој во изминатите месеци имале плодна соработка во делот на претставувањето на богатото културно, историско и природно богатство во светот.