![baksis-kelnerka-kerka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/baksis-kelnerka-kerka.jpg?resize=500%2C281&ssl=1)
Кари Ванадрои останала шокирана кога видела што и оставил нејзиниот „ангел чувар“.
Таа работи како келнерка во ресторан, а кога на сметка од само 29 долари добила 1000 долари бакшиш, останала без зборови.
Оваа девојка која работи две работи веќе пет години е келнерка во овој ресторан. Досега живеела во мал стан, а сега со своето момче и синот ќе може да се всели во поголем стан благодарение на овој бакшиш.
-Ми рече дека ќе биде мој ангел чувар ако некогаш ми притреба нешто, а јас не направив ништо за нив, па сето тоа ми беше само симпатично, вели збунетата девојка.
Кари има 22 години и е мајка, која за да ја издржува својата ќеркичка работела неколку работи одеднаш.