Поради опасност од постоење на патогени бактерии повлечени се од продажба чоколадни напитоци на познати меѓународни марки како „Марс“ и „Сникерс“од продавници во Франција, Германија и Холандија.
Повлекувањето ги опфаќа производите „Марс милк“, „Сникерс шејк“, „Милки веј“ и „Баунти дринк милк” во пластични шишиња од 350 мл. Тие биле произведени во една од германските фабрики на компанијата и се со рок на траење меѓу декември 2014 и април 2015 година.