Балансерот како алатка беше донесен со цел да имаме правилна застапеност во рамките на институциите на не мнозинските етнички заедници и практично тој својата цел ја исполни. Денеска ако ги видите процентите ќе дојдете до овој заклучок дека имаме правична застапеност во рамките на институциите од страна на не мнозинските заедници“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Дневникот на МРТ 1.
Тој додаде дека балансерот сега претставува товар и предизвикува фрустрација.
„Сега веќе претставува товар, бидејќи предизвикува фрустрација кај луѓето кој не сакаат да бидат таму затоа што се дел од некаква етничка заедница туку затоа што сакаат да напредуваат врз основа на мерит системот и врз основа на своите квалитети“, посочи Мицкоски.
Нагласи дека потребно е создавање на општество во кое ќе се напредува по мерит систем и квалитетот на индивидуата.
„Ако целта е постигната, тогаш зошто да создаваме фрустрација кај граѓаните во Македонија. Сега, или сме искрени и сакаме да создадеме општество во кое ќе се напредува по мерит системот односно според квалитетот на индивидуата или ќе создадеме општество кое ќе се води по етнократијата“, вели тој.
Мицкоски смета дека идниот партнер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде против укинувањето на балансерот.
„Не гледам причина зошто и кој би бил аргументот контра за да не се прифати укинувањето на алатката балансер и овозможување на граѓаните на Македонија да напредуваат по мерит системот и врз основа на квалитетите што ги поседуваат“, заклучи Мицкоски.