АНАЛИЗА: Балкан – чувствителна зона која го вознемирува Брисел

Брегзит, популисти, Трамп… Европската Унија одамна има доволно проблеми. Но, во кулисите во Брисел дипломатите имаат голема главоболка од еден друг проблем, кој упорно и се’ повеќе испливува во преден план. На влезната врата на ЕУ тензиите растат. Земјите од западен Балкан вријат. Истовремено Русија, Турција, Кина, Саудиска Арабија и Катар се обидуваат да го рашират своето влијание во регионот. Една многу опасна мешавина, пишува германскиот весник „Ди Велт“, пренесува Нетпрес.

Балканот е многу чувствителна зона, каде во најкус рок, поради неодговорни дејствија, може да возобноват одамна надминати конфликти, предупреди претседателот на Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер.

ЕУ сепак ќе се обиде да возврати со сите сили.

Во балканските земји расте нетрпението

Во 2003 година, за време на средбата во Солун, на лидерите на сите земји држави од западен Балкан, поточно Србија, Албанија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина, им беше ветено членство во ЕУ. Но, оттогаш во пракса не се случи многу. Земјите се нетрпеливи, а проевропските сили во регионот сакаат да добијат одговор од Брисел то следува во иднина. Сега ЕУ сака да внесе свеж воздух во преговорите за членство. Врховниот претставник на ЕУ за надворешни прашања и безбедност, Федерика Могерини, на почетокот на месецов, за време на својата балканска турнеја, во Белград изјави дека има „попорака до Србија и до целиот регион“. А, всушност – по напуштањето на Велика Британија на ЕУ, Унијата нема да остане само со 27 земји членки, бидејќи ќе им биде допуштен влез на нови држави.

Сигурна сум дека Србија ќе биде една од нив, увери италијанската политичарка.

Не само Србија, туку и Албанија треба да има надеж.

Преговорите за присоединување на Албанија може да почнат во рамките на следните 12 месеци, односно не подоцна од почетокот на 2018 година, смета Мекалистер.

Ви 2010 година ЕУ одреди дванаесет главни приоритети, кои земјата треба да ги исполни, за да почне преговори за присоединување, а од јуни 2014 година Албанија е и официјално е кандидат за членство во ЕУ. Оттогаш процесот се забрзува.

Макалистер ги пофали политичките партии во Тирана за постигнатото единство во реформата во судскиот систем.

Тоа е важен чекор за отпочнување на преговорите за присоединување. Потоа прво ќе бидат разгледани прашањата за правната држава, прецизира Мекалистер, дополнувајќи дека сепак Албанија сеуште е далеку од членство во ЕУ.

Во освртот за Србија Мекалистер коментира дека ги набљудува, како позитивните тенденции, така и проблемите. Земјата е кандидат за членство од март 2012 година, а преговорите ги почна во јануари, 2014 година. Во тој период беа отворени осум од 35-те поглавја за преговори.

Русија спроведува политика на дестабилизација

Москва се обидува да влијае силно на медиумите, на некои политичари, и на граѓанското општество во Србија. Русија проследува во Србија дестабилизација со умисла. Тоа дава основа за сериозна загриженост, предупредува Мекалистер.

Тој потенцира дека ЕУ одвоила за Србија околу 1,5 милијарди евра грантови до 2020 година, станувајќи со тоа најголем донатор за насочување на реформите и економските проекти во оваа балканска земја.

Истовремено, српското општество ја перцепира Русија како најголем свој поддржувач. За ЕУ тоа може да значи само дека треба да го направи повидлив нашиот ангажман со помоштта на српската политика и на граѓанското општество, вели Мекалистер.

Сеуште е нејасно колку силен треба да биде сојузот меѓу држава, кандидат за членство во ЕУ како Србија, со Москва. Во мај, 2014 година, Русија и Србија објавија „тсратешко партнерство“. Двете земји се андажирани преку договор за размена на разузнувачки и безбедносни информации, како и за спроведување на заеднички воени вежби. До претседателските избори во Србија, кои треба да се одржат на 2 април, годинава, земјата очекува да добие шест бесплатни очаква доставките на шест безплатни ловци „МиГ“ од Русија.

Брисел е вознемирен

Дипломатот на ЕУ, Федерика Могерини, исто така го искуси проруското расположение во земјата. За време на нејзината посета на Белград, во српскиот парламент пратениците на опозицијата ја ставија во непријатна ситуација скандирајќи: „Србија, Русија, не ни треба (Европската) Унија“. Некои пратеници носеа и натписи. „Србија не му верува на Брисел“. Тоа е тревога од високо ниво за ЕУ.

Претседателот на Комисијата на ЕУ, Жан-Клод Јункер, исто така направи напори да вдахне охрабрување за западниот Балкан. Понатамошни присоединувања може да имаи тоа уште на крајот на оваа декада, и покрај тоа што во 2014 година луксембуршкиот политичар категорично исклучи слично сценарио. ЕУ ќе дејствува во иднина, но „со сигурност со повеќе од 30 членки“, увери Јункер.