Балканот не престанува да се тресе: Земјотрес во БиХ со јачина од 4 степени

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтер ја погоди Бања Лука околу 16:04 часот.

Епицентарот на земјотресот бил 6 километри северозападно од Челница и 8 километри источно од Бања Лука на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за нанесени штети.