Балкански лонец на образовни криминали со невалидни дипломи

Дека состојбите во високото образование во Република Македонија се алармантни и загрижувачки пишував уште пред две години во повеќе мои написи, кои беа објавени во печатените и електронските медиуми. За меѓународниот скандал на Универзитетот во Tетово, односно на Медицинскиот факултет кои се откриени преку истражувачката сторија и публикација на „Веритас“ по однос на разни докторати, плагијати кај одредени професори на Медицинскиот факултет, каде се наведени примери на седум лица наставен кадар на овој универзитет за чии научни трудови е утврдено дека се плагијат. Но, и покрај оваа и уште многу други неправилности, за ова и други незаконитости ректорот на Универзитетот во Тетово, бара да се „протуркаат“ 15 докторанти (има докторанти од Косово) со докторски плагијати, како и незаконски унапредувања во наставно-научни звања на некои лица кои не ги исполнуваат законските услови, научни трудови и докторат добиен од Универзитетот на Обединетите нации од областа здравствен менаџмент за унапредување во вонреден професор по максилофацијална хирургија од Европскиот центар за мир и развој (ЕСПД). Откако го одбил тоа. Ректорот го суспендира од декан.

Овој меѓународен образовен скандал доби пошироки размери на Балканот и пошироко, спомнувајќи го тетовскиот и крагуевачкиот универзитет од Република Србија. Додека во Србија, надлежните органи на Јавното обвинителство, полицијата и министерството за образование и наука го разрешуваат тамошниот ректор и се покреваат истражни мерки за откриени незаконски добиени докторски титули од Косово и Македонија, а истрагата е на највисоко ниво со ангажирање на сите институции.

Овде кај нас, почнувајќи од Владата на Македонија, и сите надлежни органи и институции за меѓународниот образовен скандал изјавуваат: „дека не се надлежни“ и ја префрлаат одговорноста на други институции, а исто таков ноншалантен однос демонстрираат и првите луѓе од Агенцијата за квалитет во високото образование и нивните органи Одборот за акредитација и Одборот за евалуација на високото образование, не реагираат, не се огласуваат. Како што вели народот: „Кучињата лаат, караванот си врви“. Тоа е со нашите надлежни институции.

Докторанти од Косово и Метохија и од Македонија

Во целосната лага, која се одвивала на Универзитетот во Крагуевац  носеле дебели заработки, вклучувајќи го и Европскиот центар за мир и развој (ЕСПД) во кој поранешниот ректор Арсениевиќ на функција бил уште од 2004 година. Бил директор на студиската програма ЕСПД и ги изведувал на универзитетот, иако никогаш не ги усвоил органите на Универзитетот во Крагуевац. Во време кога се издавани дипломите како ректор на Универзитетот во Крагуевац бил декан на ЕЦПД и работно ангажиран како професор (2016). Дел од косовските Албанци во својата биографија вешто избегнуваат да се спомне Крагуевац и наведуваат само другата постапка на дипломи ECPD – (ЕСПД) како институција каде што докторирале.

Српскиот весник „Блиц“ се истакнува: „Генералниот секретар на Универзитетот во Крагуевац (Марко Лукиќ) вели: „дека во процедура се 15 докторски дисертации за лица од подрачјето на Косово и Метохија и Македонија. За кои постои сомнеж дека стекнале дипломи на Универзитетот во Крагуевац, без уписи на предходни студиски програми и без дозвола за работа за нивно изведување“. Лукиќ, во изјавата за државната РТС ќе рече: „целокупната документација околу споменатите дипломи, Универзитетот во Крагуевац ги доставува во полиција за преземање понатамошна работа“.

Кои се  невалидните дипломи-докторанти од Косово и Метохија и Македонија

Тие се:

  1. Раиф Рамабаја – неговата тема е „Стратегиски менаџмент во компаниите на Косовското Поморавје“ и „доктор на наука за менаџмент“. Уапсен е 1990 година, поради потпишување на „декларација за независност на Косово“. Се спомнува во документите на ЕУ дека е ранет во 1999 година, а во 2004 година Ибрахим Ругова го одликува како еден од пратениците кој во 1990 година ја потпишал „декларацијата за независност на КиМ“.
  2. Башким Арифија – „доктор на економски науки“ на тема „Управување со процесот на интеграција на Косово во ЕУ“
  3. Енес Садовица – „доктор на економски науки“,
  4. Фадил Красниќи – „доктор на правни науки“,
  5. Хашим Чолаку – „доктор на правни науки“
  6. Илаз Дули – „доктор на економски науки“,
  7. Илир Родики – „доктор на менаџмент науки“,
  8. Мухамед Диша со тема „Интеракција помеѓу маркетингот и квалитетот кај малите и средните претпријатија на КиМ“ е доктор на економски науки
  9. Нухи Села – „доктор на менаџмент“ од Македонија (бара нострификација во МОН?!)
  10. Осман Ејупи – со тема „Институционална анализа на политичката конкуренција на Косово“, е „доктор на правни науки“,
  11. Сафет Хоџа – со „Јавни набавки-правни и практични развој на Косово“ е „доктор на правни науки“,
  12. Шукрие Рама – со тема „ Високото образование на Косово“ -предизвици и препораки“ е „доктор по менаџмент“,
  13. Вехеби Софиу – на тема „Влијанието и загаденоста на воздухот на соларни панели на Косово“ добива титула „доктор на технички науки“,
  14. Вели Лецај – „Политика на производи во стопанството на Косово“ го донесува во „доктор на економски науки“,
  15. Вјолца Висока Насани – „Значење на меѓународниот бизнис на Западниот Балкан со фокус на Косово“ е „ доктор на економски науки“.

Во Србија се преземаат соодветни мерки и одговорности. Кај нас во Македонија, се сака овој образовен скандал да се сокрие или забошоти, бидејќи има вмешаност на политички, и други високи  личности. За разлика од нас, во Република Србија, поконкретно образовниот скандал на Универзитетот во Крагуевац со „албански македонски студенти“ кои докторирале не сопираат и ја разбрануваат високообразовната академска фела.

Кај нас почнувајќи од Владата на Македонија (ќе чекаме „на лидерска средба помеѓу Заев – Таче – Ахмети – почесниот доктор прогласен на универзитетот во Тетово“), и сите надлежни органи и институции за меѓународниот образовен скандал, изјавуваат дека не се надлежни, а исто таков ноншалантен однос демонстрираат (како што наведов) и првите луѓе од Агенцијата за квалитет во високото образование и нивните органи Одборот за акредитација и Одборот за евалуација на високото образование, не реагираат, не се огласуваат. Тоа е со нашите надлежни институции. ДНО!!!

Што покажува практиката, некои примери

Со Агенцијата за квалитет во високото образование, раководи и нејзин директор е Агим Рушити, кој треба да ги проверува универзитетите во Македонија. Доаѓа од Секторот за високо образование при МОН. Докторски студии завршил по математички науки на Факултетот за информатички науки на Универзитетот во Нови Пазар Р.Србија, овој универзитет е познат по многубројни меѓународни скандали на магистри и докторати. Затоа е потребно независна експертска комисија да ја провери точноста на докторската титула на Агим Рушити, истиот е ангажиран на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, како насловен вонреден професор, истовремено е и насловен вонреден професор и на Факултетот за информатички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, таму е ангажиран и неговиот син м-р Алмир Рушити. Што може да се констатира дека има судир на интереси и злоупотреба на својата службена положба со влијание!!!. Со право академската фела го поставуваат  прашањето: Како може Агим Рушити да врши контрола на универзитетите, каде се откриени и има доста незаконитости, кога самиот Агим Рушити ги има прекршено правилата и стандардите кои треба да ги контролира и спроведува? Да не се заборави и фактот дека директорот Агим Рушити е активен член на политичката партија ДУИ, парципиент во Владата на Република Македонија. А, него го заштитува Артан Груби вицепремиер, кој докторирал во Тирана, непознато дали му е нострифицирана докторската, кој е унапреден во доцент на Тетовскиот универзитет, а тука е Агим Нухиу – (поранешен) заменик министер за внатрешни работи, па за „правда“ и сега за образование и наука, кој незаконито се унапредува во наставно-научно звање вонреден, а сега во редовен професор или Арбер Адеми (поранешен) министер за образование и наука, а сега пратеник, кој незаконито добива наставно-научно звање доцент, а сега и повисоко звање. Тука е и актуелниот министер за образование и наука Јетон Шаќири, кој незаконито е унапреден во наставно-научно звање доцент (пред да му се нострифицира докторската од Тирана). Кога сум тука, кај овој актуелен министер за образование и наука Јетон Шаќири кој доаѓа од Струшкиот универзитет на Рамиз Мерко, го прашувам: Како се стекнатите наставно – научни звања на градоначалникот на Струга – Рамиз Мерко во вонреден професор и нотарката Беса Кадриу на Струшкиот универзитет во доцент (сега можеби е и вонреден професор) без нострификација од МОН, а чии дипломи и покрај законската обврска, остануваат ненострифицирани од страна на МОН?!! Ова е сериозен образовен прекршок, кои докторирале на универзитетот во Нови Пазар? Наместо надлежните органи да се ангажираат – МВР, Основното јавно обвинителство, Државниот просветен инспекторат, Инспекцискиот совет, од таму молк… Затоа, надлежните органи ги прашувам: Владата, МВР, Агенцијата за квалитет за високото образование – органите Одборот за акредитација и Одборот за евалуација, воедно го повикувам и Националниот совет за високо образование, сите да се одважат да се преземаат законски активности и да се стави крај на организираниот образовен криминал со невалидни дипломи и незаконити унапредувања во наставно-научни звања.

Затоа, треба да одговорите и како функционираат факултетите на Приватните – Струшки универзитет, ФОН универзитетот, МИТ универзитетот, Универзитетот за Туризам и менаџмент – Скопје, Приватниот Факултет за Бизнис Економија, Славјанскиот универзитет во Свети Николе, Јавните универзитети: Тетовскиот, ЈИЕ-Тетово, Битолскиот, Универзитетот „Мајка Тереза“… Да се испита работата на  Државните просветни инспектори, кои незаконито постапуваат, некои  просветни инспектори експресно завршуваат додипломски и стануваат магистри или доктори на Приватни универзитети во Македонија.

Надлежните македонски институции, исто така, треба да одговорат: „Зошто“ немаат контрола на сите универзитети јавни и приватни во Република Македонија? Се поставува прашањето: Зошто од Косово или Албанија доаѓаат да магистрираат или докторираат на македонските универзитети??? Зошто МВР молчи и не презема ништо, иако се доставени известувања до нив, како што е случајот со Приватниот Струшки универзитет, каде што се вмешани високи функционери од Власта, судии…??? Дали се крие образовниот криминал и корупција на нашите Приватни универзитети и Колеџи? Зошто се штити Универзитетот „Мајка Тереза“, дали само затоа што е   Универзитет на политичката партија на ДУИ? Ова што се случува, во македонските универзитети се стигна дното. Срам. Каде е одговорноста!!??

Зошто реагираат Германците за невалидните дипломи во БиХ

За нашиов балкански образовен криминал со невалидни дипломи, реагираат и Германците, кои најавуваат проверка на дипломите на Босна и Херцеговина (БиХ). Причината е фалсификувани дипломи, односно лажни дипломи на што голем број, негователки и медицински сестри во Германија оделе токму од оваа земја, откритието е на порталот „Журнал“ во БиХ, дигната е голема прашина не само во БиХ, туку и во Германија  (dm.com/mk/germancite-najavuvaat- proverka-na-diplomite-od-bih/.

По три годишно организирано истражување и истрага на надлежните органи на Обвинителство на Босна и Херцеговина (БиХ) кој ја нареди операцијата „Кластер“, заедно со полицијата, СИПА – Агенција за истраги и заштита на БиХ и Министерството за наука и технолошки развој на високо образование и информатичко општество, била разоткриена мрежата на издавање на лажни дипломи. Така, последниве два до три месеци босанските портали и новини, како што се „Blic r.s.“, „Новости “ на 24.02.3023 година и други портали, ги истакнуваат аферите со купени дипломи во БиХ. Со оваа операција „Кластер“ била разоткриена најголемата мрежа на издавање лажни дипломи.

Според податоците од истрагата поединечни дипломи се плаќале од 5.000 до 30.000 евра, а клиентелата доаѓала од БиХ, Србија и Хрватска. Истрагата открила десетици лажни дипломи. Во акцијата се пронајдени и одземени над 82.000 евра, а има сомнежи дека групата што ги продавала дипломите и во која учествувале и сопственици и професори на Приватните факултети заработувале неколку стотици илјади евра. Истражителите на СИПА (Агенција за истраги и заштита на БиХ), кои ги уапсиле осомничените, меѓу другото, заплениле документација од Приватните факултети во Бања Лука, поточно од Паневропскиот универзитет „Аперион“, Универзитетот за бизнис студии (УПС), Независниот универзитет во Бања Лука (НУБЛ) и Универзитет за бизнис инженерство и менаџмент (ПИМ). Целата шема на издавање лажни дипломи била разбиена кога тројца тајни истражители на СИПА – Агенција за истраги и заштита на БиХ се запишале на Приватни факултети под лажни имиња и почнале да бараат начин да купат диплома. Новак Топиќ е лажниот идентитет на првиот од тројцата тајни истражители на Државната агенција за истраги кои ја добија првата лажна диплома на 18 јули 2021 година. Дипломата била од Независниот универзитет во Бања Лука (НУБЛ). Таен истражител на СИПА со кодно име Сандија ја презел дипломата, издадена од НУБЛ на подрачјето на Бања Лука, од еден од уапсените во акцијата, на име Новак Топиќ, со кој се стекнал со звање дипломиран економист со 240 ЕКТС поени. Тоа биле прва од трите дипломи што ги купиле инспекторите, а овој пат дипломите биле платени за околу 25 000 евра!

Главниот обвинител на Обвинителството на БиХ, Миланко Кајганиќ на новинарите во Сараево, им потврдил дека за време на операцијата бил предложен притвор за пет лица кои се третираат како членови на  криминална група кои се вклучени во издавање факсификувани дипломи од Приватни факултети и училишта, тврдејќи дека во БиХ такви дипломи можело да се купат и на бензинска пумпа. Кајганиќ на новинарите во Сараево им потврдил дека за време на операцијата со кодно име „Кластер“, која била спроведена, биле уапсени вкупно 11 лица кои се поврзани со издавање и продажба на фалсификувани дипломи, а пет од нив треба да останат во притвор до поднесување на обвинителниот акт, а за останатите 6 лица, биле предложени мерки за забрана за напуштање на местото на живеење.

За време на рацијата која била спроведена на десет локации во областите на Бања Лука, Бјелина, Источно Сараево, Приједор, Козарска Дубица, Брчко, Травник, Мостар, а истражителите биле насочени кон Приватните Универзитети и Колеџи лоцирани во овие градови. Обвинителот Кајганиќ, потврдил дека ректорите, деканите и професорите на тие институции се под истрага или приведени. Тој посочил дека сите во БиХ знаат дека дипломи можат да се купат „на бензинска пумпа“, што посочи, јасно докажува дека некој не си ја врши добро работата на Приватните универзитети и училиштата.

Сега според обвинителот Кајганиќ, собрани се докази за постоење на организирана криминална група, која се занимавале со продажба на дипломи. На крајот, тоа доведе до ситуација, на пример, дипломи или дури и доказ за докторат на Приватни универзитети, со плаѓање поткуп, може да се добие во рок од пет дена.

Во Обвинителството во БиХ, сметаат дека тоа е основата на сета друга корупција, бидејќи кој ќе купи универзитетска диплома продолжува да постапува на сличен начин и кога е вработен во правосудството, полицијата или здравството.

„Тоа е основата на систематската корупција, а злоупотребите во високообразовните институции се катализираат на целата корупција во БиХ“, изјавил  Кајганиќ.

Како пример за далекусежни проблеми создадени од оваа форма на корупција, тој го навел фактот, дека е пронајдена и фалсификувана диплома за градежен инженер.Тој потсети на земјотресот во Турција и Сирија, каде зградите се уриваат како кули од карти поради лошата градба.

„Институциите кои продаваат такви дипломи не треба да постојат“, рече главниот обвинител, додавајќи дека сега очекува брзо поднесување обвиненија за неколку десетици случаи и кривично гонење на одговорните кои ги чекаат казни најмалку 10 години затвор. Обвинителството ќе спроведе и мерки за конфискација на имот незаконски стекнат со препродажба на дипломи, а Кајганиќ најави дека ќе побара помош во истрагата од други држави.

Министерот за наука и технолошки развој, високо образование и информатичко општество Жељко Будимир изјавил дека: „секоја негативна појава во високото образование треба да се санкционира, а ресорното министерство стои на располагање на сите надлежни органи во истражниот процес“.

Образовен скандал – невалидни дипломи во Косово

Во Косово се спомнува мега образовен скандал со над 20.000 невалидни дипломи на Приватните и некои Јавни универзитети. Ова го истакнуваат од косовскиот Национален центар за академско признавање и информации. (извор: Koha). Причината за тоа е надминувањето на бројот на студенти на приватните и некои јавни колеџи над одлуките на Државниот совет за квалитет. А, како што наведува порталот Koha, главната вина била во недостигот на матична книга во косовското Министерство за образование.

Да бидам поконкретен за читателите, приватните  и некои јавни колеџи, не ги донеле матичните книги или биле без лиценца или акредитирани за други студиски програми, а се акредитирани за нешто друго, односно се запишувале без да бидат акредитирани студиските програми што е незаконито, невалидно и криминално. Затоа, во косовската Агенција за акредитација истакнуваат (како што истакнува Koha) дека бројот на невалидни дипломи е аларманетен и дека одредувањето на квалитетот е во надлежност во косовското министерсво за образование. Но, наместо косовското министерство за образование, да дејствува кога ќе се надминат квотите, и да се одземаат лиценците и да се проследи до Државниот совет за квалитет за автоматско повлекување на акредитацијата, тоа е прикриено од како што наведуваат од поранешните министри кои одлучувале за зголемување на бројот на студенти без почитување на квотите   на приватните и јавните универзитети и дека нивните дипломи не се валидни и признати.

Српски универзитети со нелегални дипломи од ЕЦПД

Дополнително срамен и погубен дел на аферата „дипломи“ е фактот дека дел на „албански студенти“ од Косово и Метохија и Македонија докторирале на Универзитетот во Крагуевац, кои никогаш не биле запишани на докторски академски студии на економски науки. Такви студии никогаш не биле дозволени нити акредитирани.

По истиот шаблон, како што се сомнева, се обработени уште 15 дипломи на косовските Албанци. За сега дошле до комплетни дипломи издадени на име Сафет Хоџа, а другите се пронајдени во посебен фајл во комјутер на Универзитетот во форма припреми за печатење. Основано се сомнева да и тие печатени, потоа потпишани  се и издадени. Секако, без никаков правен основ, бидејќи Универзитетот во Крагуевац никогаш не ги запишал тие косовски Албанци, ниту ги поседуваат тие докторски дисертации ниту се наоѓаат на генералниот список на дисертации. Исто така во текст на весникот „Блиц“ се истакнува дека: „…во процедура се 15 докторски дисертации за лица од подрачјето на Косово и Метохија и Македонија, за кои постои сомнеж дека стекнале дипломи на универзитетот во Крагуевац без уписи на претходни студиски програми и без дозвола за работа за нивно изведување“.

Во соопштението од одговорните на ЕЦПД – Европски центар за мир и развој, како организација за образование и истражувачки организација на ОН (Обединетите нации) за српскиот весник „Политика“, истакнуваат дека: „никогаш и никаде, па ни во Србија и Хрватска не организирале и спровеле програма за дипломски студии“.

Замката на сомнеж почнува да се мрси после одлуката, на Универзитетот во Крагуевац, да се поништат дипломи на странци кој студиите започнати во Хрватска, ги завршиле на овдешните Факултети на медицински науки, кои посетувале настава и во БиХ. Според зборовите на ректорот на крагуевачкиот универзитет Ненад Филиповиќ, „дипломите морале да бидат поништени бидејќи студентите учеле по програми на ЕЦПД – Европскиот центар за мир и развој, кои не се акредитирани во Србија, а ниту во Хрватска“.

Хрватска како што наведува ректорот Филиповиќ „им забранила школување (студирање по студиските програми на ЕЦПД)“.

Универзитетот во Крагуевац (да потсетиме) поништил 22 дипломи на медицински сестри од Хрватска, а во тек е проверка на уште 23 академски исправи. Овие странски студенти, студиите ги започнале во Пула и Зеница, па до трета година од студиите, без претходна  нострификација на положени испити се запишале на Факултетот за медицински науки, каде што дипломирале во 2014 година. На тоа немале право, објаснува секретарот на Универзитетот во Крагуевац, Марко Лукиќ, наведувајќи дека се вклучени и полицајци во истрагата на овој случај, предадени им се „голема кутија сомнителни дипломи“.

После националната брука предизвикана од аферата „Индекс“, која ни после 13 години не е правно завршена на Универзитетот во Крагуевац, кој е меѓународен скандал, затоа што ЕЦПД – Европскиот центар за мир и развој им доставила соопштение до српскиот весник „Политика“ во кои стои дека оваа научно – истражувачка установа на ОН нема никакви врски со поништените дипломи. И ќе изјават:

„Немаме увид во поништените дипломи од страна на Универзитетот во Крагуевац. Информациите во врска со поништените дипломи може да ги добиете единствено на Факултетот за медицински науки, односно на Универзитетот во Крагуевац. Ова од причини што се работи за нивни студенти и студиски програми“ наведено е во одговорот на ЕЦПД-а упатено до српска „Политика“.

Која е ЕЦПД- Европскиот центар за мир и развој    

Европскиот центар за мир и развој – ЕЦПД, Основач на ова реномирана научно – истражувачки установи се Обединетите нации (ОН), попрецизно Универзитет за мир на ОН, кој на овие простори е присутен уште од 1985 година, кога Собранието на СФРЈ го ратификуваат овој акт и е усвоен за формирање Европски центар за мир и развој – ЕЦПД. Денес има разгранета мрежа и одделенија на Балкнот, а нејзиното седиште е во Белград. Оваа раширена мрежа на  образовни одделенија на Балканот, а во одговор упатен до весникот „Политика“, во кој наведуваат дека тие „воошто не се занимаваат со организирање на дипломски студии“.

Првата спогодба за соработка на Факултетот за медицински науки на Универзитетот во Крагуевац и Европскиот центар за мир и развој ЕСПД на ОН, е потпишана во 2002 година. Таа соработка е обновена 2011 година, а од тогаш има уште неколку спогодби, меѓутоа, ниедна соработка не предвидува организирање на настава и полагање на испити по студиски програми на Европскиот центар за мир и развој (ЕСПД), објаснува секретарот Лукиќ.   

Факултетот за медицински науки при Универзитетот во Крагуевац, им издал дипломи на студенти од Хрватска, па почнува да ја  проверува  валидноста и академските документи, кои овде ги стекнале државјани на БиХ и Македонија како и граѓани од Косово и Метохија.

Кога Хрватска го забранила школувањето на студиските програми на ЕЦПД, кои не се акредитирани во таа земја, медицинските сестри успеале да се запишат на трета и четврта година на студии на Крагуевачкиот Факултет на медицински науки, без нострификации на веќе порано положени испити во БиХ.

На крагуевачкиот универзитет ги проверувале уште 23 дипломи кои се издадени на медицински сестри од Хрватска, вклучувајќи и една докторска диплома, а под сомнеж се и дипломите кои на овој факултет ги стекнале од Македонија и БиХ.

 

Македонски студенти кои побарале од МОН да им бидат нострифицирани невалидни дипломи на ЕЦПД

Студенти кои „завршиле на Европскиот центар за мир и развој на Универзитетот за мир основан од ООН“ кои студиски програми не се акредитирани се лицата:

  1. Андријана Булевска, м-р по „Финансиски менаџмент“,
  2. Дејан Маролов, д-р по „Менаџмент“
  3. Шпенд Имери, д-р по „Правни науки“
  4. Моника Петрушевска, м-р по „Правни науки“
  5. Трајанка Макревска, д-р „Економски науки“
  6. Искра Белазелковски Боризовска, м-р „Стратешки менаџмент“
  7. Силвана Колева, д-р „Економски науки“
  8. Марјан Младеновски, д-р „Социолошки науки“
  9. Ирена Чудовска, д-р на „Социолошки науки“
  10. Гордана Диневска, доктор „Маркетинг менаџмент“
  11. Теута Хеплон, доктор по „Здравствен менаџмент“
  12. Кенан Ферати, доктор по „Биомедицински науки“
  13. Арбреша Беџети Ферати, доктор по „Биомедицински науки“
  14. Нухи Села, д-р по „Менаџмент“
  15. Вјолца Хасани, м-р по „Правни науки“
  16. Неритан Туркеши, д-р по „Економски науки“

Инаку Туркеши завршил докторски студии на Европскиот центар за мир и развој при Универзитетот за мир на Обединетите нации во Белград, Србија“. Вработен на Универзитетот „Мајка Тереза” – Скопје, вонреден професор (декан) на Факултетот за технички науки. Изборот на Неритан Туркеши во вонреден професор е незаконит, спротивно на Законот за високо образование, со неакредитирани студиски програми. Министерството за образование и наука му издава документ решение бр.14-9477/3 од 07.04.2014 година, за признавање на диплома за завршен трет циклус докторски студии и стекнат научен степен Доктор на економски науки. За ваквите законски пропусти одговорност имаат во Одделението за нострификација при МОН, како и Државните просветни инспектори кои го извршиле вонредниот инспекциски надзор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и тоа: Африм Саљиу, Перо Арсеновски, Даниела Кироска, Предраг Илиески, Зоран Ристески, Маја Стојановска, кои констатирале, а  не побарале објаснување од Одделението за нострификација при МОН и  не го известиле Министерството за образование и наука, како и надлежните институции, како што е МВР, Јавното обвиниелство за натамошна постапка, а не да се молчи. Молкот е соучесништво на образовен криминал на невалидни дипломи.

За сите горе наведени македонски студенти (16 лица) кои побарале  од МОН, да им бидат нострифицирани невалидните дипломи кои завршиле на „Европскиот центар за мир и развој“ „ЕЦПД“, а се  нострифицирани од страна на МОН, истите, се незаконски и навалидни, како што е случајот со Неритан Туркеши. За ова треба да интервенираат надлежните органи: МВР, Јавното обвинителство, Инспекциски совет, ДКСК, Агенцијата за квалитет на високото образование-органите Одборот за акредитација и Одборот за евалуација и други.

Со оглед на фактот што во соседните балкански (наведени) држави, се констатирани и утврдени незаконски издадени невалидни дипломи, потребно е надлежните македонски органи и институции во соработка со интерпол од МВР на Македонија и од Одделението за нострификација при МОН, се извршат законски проверки на наведените доставени дипломи кои се нострифицирани или се во постапка, особено во наставно-научната област во својство на професори или пак други високи позиции во општеството, а со цел утврдување на валидноста и законитоста за користење на истите.

Лажни дипломи за познавање јазици

Ова се случува во Академијата за судии и јавни обвинители (10.05.2018 година) во Македонија, овој скандал го потврди претседателот на Советот за јавни обвинители, Петар Аневски, каде стои:

„Предавачите на Академијата за јавни обвинители и судии не знаат странски јазик. Пред повеќе од една година беше откриена аферата за поседување лажни дипломи за познавање странски јазик од страна на кандидатите кои влегле во академијата. Но, по се изгледа фалсификат дипломи не поседувале само кандидатите, туку и предавачите“.

Кога сме тука до Академијата за судии и јавни обвинители во Македонија, треба да се истакне и тоа дека над 400 студенти, добиле можност да полагаат правосуден испит, пред да се стекнат со соодветно образование. Сите тие уверенија ги добиле од една институција – Универзитет на Југоисточна Европа-Тетово. Од овие 400 студенти е и синот на спикерот Таљат Џафери (познат како командант Форина-УЧК). Наместо одговорност да се има во Министерството за правда за ваквите образовни криминали. Надлежните органи молчат! Истите тие кандидати се распоредени за идни обвинители или судии. Затоа, перцепцијата за доверба во судството и обвинителството  е  3% (посто). Тоа е нивото!

Корупцијата го деградира образованието на Балканот!!!

Овој наш балкански лонец на образовни криминали со невалидни дипломи, се случува во хибридни криминални и корумпирани земји, како што е, за жал, и моја Македонија!!!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес