Балканските соросоиди се приклучуваат во војната против Трамп

фицо

Соросоидите од Балканот се приклучуваат и ги поддржуваат протестите против новиот американски претседател Доналд Трамп и американската администрација. Поранешната сопруга на албанскиот премиер Еди Рама, Делина Фицо, во интервју за една албанска телевизија вели дека протетестите во САД се организирани од една група на граѓани кои работат на промоција на женските права и човековите права. Но, токму Фицо до 2021 година ќе го има главниот збор во распределбата на околу 9,5 милиони евра што преку американската агенција УСАИД ќе им бидат дадени на соросовите организации во Македонија, затскриени зад завесата на терминот „невладини“ кои наводно ги штитат граѓанските права, пишува „Курир“.

Во интервјуто Фицо вели дека неколкуте марша во Америка против Трамп имале за цел да го афирмираат зачувувањето на правата на жените но и човековите права воопшто.

-Тоа не беше реакција на  изборите во Америка туку се однесуваа на контекстот, зачувување на правата на жените и  човековите права. На овие протести учествуваа голем број на жени, но и мажи кои природно ги поддржуваат правата на жените и  човековите права.  Протестите беа масовни, само во Вашингтон имаше три пати повеќе учесници отколку што имаше на самата инагурација. Интересен е бројот на учесници и дискусиите кои се развија. Луѓето се собраа на плоштадите и се правеа пресметки според густината на луѓето. Според информациите, на протестите во целиот освет учествувале повеќе од  милион луѓе. Она што исто така е интересно да се спомене е дека поголемиот број од луѓето кои беа на овие протести имаат право на глас. И покрај фактот што Доналд Трамп победи на изборите, сепак другиот кандидат Клинтон имаше повеќе гласа од него. Па така луѓето кои ги поддржуваат женските права и човековите права гласаа за г-ѓа Клинтон, вели Фицо.

Фицо, која ја невладините на Сорос во Македонија ќе им дели пари, вели дека постои ризик за остварување на правата на ЛГБТ заедницата и правата на жените по изборот на Трамп.

-Знаете ова е малку необично за Албанија но и за САД затоа што ова е необичен настан за поддршка на правата на жените иако тоа е општество во кое постојат многу движења за промоција на човековите права и фактот дека во САД нема поголеми проблеми со остварувањето на правата на жените. Дебатите во САД се на многу повисоко ниво на пример учеството на жените во трговијата на пример. Имајќи го предвид влијанието на г-динот Трамп врз судството и конзервативните чекори кои ги најави постои можност од поголем ризик за остварување на правата на жените и ЛГБТ заедницата. Иако неодамна г-динот Обама направи неколку чекори понапред кон промоција на нивните права, додава Фицо во интервјуто.

Протестите се организирани од една група на граѓани кои работат на промоција на женските права и човековите права. Тоа се групи кои се активни кога станува збор за големите и значајните човекови права но и групи кои се активни кога станува збор за помалку значајни прашања. Значи ова е акција на мировните групи кои се залагаат за човековите права. Соодветно тука учествуваа и познати личности од јавниот живот што ни го потврдува фактот дека овие луѓе исто така се засегнати и загрижени з аиднината и иднината на човековите права, вели екс сопругата на Рама.

За потсетување Фицо можноста за распределба на 9,5 милиони евра до невладините на Сорос во Македонија преку УСАИД ја добива врз основа на тендер завршен во септември минатата година, кога целата работа е завршена поради можната смена на администрацијата во САД.

Политиката на УСАИД е парите за т.н. невладини во секоја држава да му ги додели на еден конзорциум, кој потоа слободно располага со нив. Во Македонија тендерот го доби Ист вест менаџмент институт (East West Manegement Institute – EWMI) – глобална НВО, за која не треба да се образложува дека е поврзана со Сорос – во партнерство со четири организации во РМ: Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Фондацијата „Отворено општество- Македонија“ (ФООМ) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Формално, Ист вест менаџмент институт е независна непрофитна организација, која работи на зајакнување на демократските општества преку здружување на власта, граѓанското општество и приватниот сектор да изградат одговорни, кадарни и транспарентни институции, кои им служат на граѓаните и работат за нивно добро. Во неа Делина Фицо ја извршува функцијата директор за програми за граѓанско општество на глобално ниво и е одговорна за регионот на Југоисточна Европа. Инаку, се работи за втора по ред сопруга на Еди Рама, со која тој ја почна врската во 1991 година. Подоцна стапиле во брак, кој траел околу шест години, при што живееле на неколку различни адреси – во Тирана, во Париз или во Германија. Последното заедничко појавување им е во 1997 година, а потоа Рама оди во Париз, додека Фицо заминува во САД на стипендирани студии. Според албанските медиуми, никогаш не беше разјаснето зошто парот се разделил. Сепак, разводот поминал мирно и премиерот и Фицо останале пријатели. Делина потоа стапува во брак со сегашниот министер за локална самоуправа на Албанија, Бледи Чучи.

Во биографијата на Фицо на професионалната социјална мрежа „Линкедин“ стои дека таа студирала албански јазик и литература на Филолошкиот факултет во Тирана, а потоа на приватниот универзитет „Њу скул“ во Њујорк, каде што станала магистер за непрофитен менаџмент во 1999 година. На истиот универзитет, во 2005 година Фицо магистрирала политички науки. Во однос на работното искуство, на профилот на Фицо е наведено дека една година работела како програмски директор на проект на организацијата „Ворлд лрнинг“ за религиозна хармонија во Албанија. Потоа Фицо работела за меѓународната компанија за развој „Хемоникс интернешенел“, која работи за билатерални и мултилатерални донатори и приватниот сектор за менаџирање проекти во земјите во развој. Организацијата примарно конкурира за договори од УСАИД и менаџира проекти што покриваат технички сектори. Од 2010 година до денес Фицо е вработена во Ист вест менаџмент институт, како директор за програми за граѓанското општество. Слично како и во Македонија, во Албанија во наредниот период ќе бидат поделени девет милиони долари за одредени проекти

– Фицо, која е активистка на граѓанското општество и сопруга на министерот за локална самоуправа Бледи Чучи, ќе менаџира со девет милиони долари од УСАИД, дадени за правдата во Албанија. Фицо е директорка на програмата на граѓанското општество во Ист вест менаџмент институт, чиј донатор е и фондацијата на Сорос – пренесоа минатиот месец албанските медиуми.

Инаку, парите определени за проектите во Македонија ќе им се делат на невладини организации без оглед на промената на администрацијата во Вашингтон. Минатата година беше распишан и оглас за вработување осум лица во проектната канцеларија на Ист вест менаџмент институт во Скопје.

Kонзорциум дели десетици гранта

Дејствувањето на Фондацијата „Отворено општество“ во Македонија изминативе години и реакциите што ги повлече изминатиов период се добро познати. На чело на втората организација членка на конзорциумот Фондација „Метаморфозис“ се Бардил Јашари и Филип Стојановски. Пред да дојде во оваа организација, Јашари работел во Фондацијата „Отворено општество“, а „Метаморфозис“ во моментот го финансира порталот што се занимава со проверка на тоа колку се вистинити вестите во Македонија , како и за медиумите на албански јазик . Главно се занимаваат со медиумите што не се под контрола на Сорос. Исто така го финансира и медиумот на албански јазик , чиј главен уредник е Елида Зилбеари – член на Одборот на „Метаморфозис“. Во моментот „Метаморфозис“ има отворен повик за 7 гранта во максимална висина до 120.000 долари во областите на доброто владеење, антикорупција, владеење на правото и слично.

Третата членка на конзорциумот, организацијата АДИ Гостивар, е најголема невладина организација кај Албанците во Македонија, а нејзиниот основач и прв човек е Алберт Муслиу, често присутен во јавноста и како политички аналитичар и редовен брифер на дипломатите во земјава. Во моментот АДИ доделува 4 гранта од по 15.000 долари за младински НВО и неформални младински групи.

Сорос му дава пари на Институтот и решава за нивна распределба

Интересно е да се наведе дека Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос во однос на Ист вест менаџмент институт се јавува во двојна улога. „Отворено општество“ се јавува, прво, како донатор на средствата потребни за функционирање на Институтот.

Нејзиното име може да се најде на листата со донатори објавена на неговата официјална интернет-страница. Истовремено, од друга страна, Фондацијата „Отворено општество“ во Македонија ќе се јави и како членка на конзорциумот што ќе решава за поделбата на парите што ги дава УСАИД за невладини организации во нашата земја.