Поранешниот фудбалер на Јувентус, Мауро Каморанези е последниот кој покажа со прст кон контоверзниот напаѓач на Милан, Марио Балотели, кој според него е најголем виновник за срамната елиминација која ја доживеаа репрезентацијата на Италија на Мундијалот во Бразил.
„Италијанската јавност очекуваше Балотели заедно со Пирло да биде главниот наш адут на Мундијалот, но тој целосно потфрли. Преценет е како играч и од медиумите и од тренерите. Не се труди колку што треба. Не знам во што му е проблемот, ама очигледно е дека со него нешто не е во ред. И јас грешев кога играв фудбал, ама бев свесен за тоа и учев на своите грешки”, изјави Каморанези.