Најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Италија, контроверзниот напаѓач на Милан, Марио Балотели, ги налути репрезентативците и најверните фанови на Англија со изјавата дека “Гордиот Албион” сигурно нема да ја освои светската титула на престојниот Мундијал во Бразил.
„Јас не гледам на Англија како тим кој може да слави на престојниот Мундијал во Бразил. Англија има неколку добри фудбалери, но тој тим не можа да и биде конкуренција на Италија. Нема да кажам дека Италија е апсолутен фаворит, но ние го имаме потребниот менталитет, го имаме потребното искуство. Мислам дека ќе бидеме најголемо изненадување во Бразил. Англија нема ништо од тоа што го има Италија. За Италија играат фудбалери кои веќе ја освоиле светската титула, а Англија нема фудбалер кој има одиграно полуфинален натпревар на некое Светско првенство”, изјави Балотели.
Дали е во право Балотели ќе дознаеме на 15. јуни кога е на програма дерби пресметката во групата “Д”, помеѓу репрезентациите на Италија и Англија.