![ballotelli](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/ballotelli.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Контроверзниот напаѓач ги помина медицинските прегледи, по што едногодишната позајмица од Ливерпул беше официјализирана.
Балотели се враќа во Милан по неуспешната авантура во Ливерпул, а од Италија велат дека тој е на позајмица и тоа бесплатно, затоа што тимот од Англија не побарал никакво обештетување. Платата на Италијанецот ќе биде “пола-пола” – половина ќе плаќа Ливерпул, а другата половина ќе ја дава тимот од “Сан Сиро”.