Италијанскиот напаѓач Марио Балотели допатува во марсеј каде што е на медицински прегледи, по што ќе потпише двегодишен договор тимот на „Олимпик“
Балотели(27)поранешен фудбалер на „Ница“, не сакаше да го обнови договорот со клубот каде ги помина последните две години, но одлучи да остане во француската лига 1, иако се ншпекулираше дека еден кинескиот клуб е подготвен да плати 30 милиони евра за неговите услуги.
Балотели беше забележан во тренинг центарот на „Олимпик“ денска наутро, па се очекува целосната работа да заврши наскоро. Според француските медиуми, тој ќе заработува шест милиони евра годишно во “Велодром”.
Контроверзниот италијански националист ја започна својата кариера во „Лумезано“, а исто така играше за „Интер“, „Манчестер Сити“, „Милан“ и „Ливерпул“.