Марио Балотели ќе потпише тригодишен договор со Ливерпул пред нивниот натпревар со Манчестер Сити вечерва, чиј дрес „Супер Марио“ го носеше пред да замине во Милан.
Ливерпул за контроверзниот напаѓач плати 16 милиони фунти, а Балотели прифати и намалување на платата, па во новиот клуб ќе заработува помалку отколку во Милан.
Наводно, во прашање е цифра од 90 илјади фунти неделно, а во договорот се предвидени и секакви казни и пенали кои Балотели мора да ги плаќа доколку лошо се однесува на теренот и надвор од него.
„Супер Марио“ повторно вети дека ќе се смири и фокусира на теренот, па ќе видиме до кога ќе издржи…