Балотели се уште не разговара со Роберто Манчини

Најконтроверзниот фудбалер на денешницата, напаѓачот на италијанскиот клачо гигант Милан, Марио Балотели откри дека нема разговарано со трофејниот италијански стручњак, Роберто Манчини, откако двајцата имаа физичка пресметка додека беа дел од англискиот премиерлигаш Манчестер Сити.

“Не сум разговарал со Мачини откако си заминав од редовите на Манчестер Сити. Знаете, Манчини е многу зафатен во Турција, дали е зафатен? Се шалам, Роберто има голем удел во мојот развој како фудбалер. Го сакам и како личност и како тренер. Да, немавме исто мислење за некои ситуации, но тоа е нешто нормално во фудбалскиот свет. Не може постојано да имате исто мислење за се и сешто. Така не е во животот. Мислам дека и Манчини нема никаков проблем со мене. Дали би сакал повторно да соработувам со Роберто? Да, би сакал”, изјави репрезентативецот на Италија.