Бан Ки Мун: Египќаните треба да се воздржат од насилство за време на референдумот

Египќаните треба да се воздржат од насилство за време на референдумот за Уставот на земјата, што започна вчера, повика генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, пренесе „ИТАР-РАСС“.

Официјалниот претставник на Бан рече дека генералниот секретар го следи внимателно процесот на референдумот. Тој ја истакна важноста за тоа да се почитува слободата на собирање и изразување на мислење, како и на одрекување од насилство. Генералниот секретар ги повикува сите Египќани да гарантираат дека следната фаза од транзицијата ќе се остварува, мирно и транспарентно.