Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун го поздрави воведувањето на новото 72-часовно примирје во појасот Газа.На предлог на Египет, Израелците и Палестинците прифатија ново примирје кое стапи на сила во 21 часот по средноевропско време.
Бан изрази надеж дека примирјето ќе им пружи шанса на двете страни под посреднштво на Египет да воспостават траен мир во интерес на цивилното население.
Генералниот секретар на ОН апелираше до завојуваните страни во судирот да избегнат нова ескалација на судирите.
За четири недела загинаа повеќе од 1939 жители на Газа, додека на израелска страна настрадаа 67 лица.