Бан Ки Мун ќе го претстави извештајот за Косово

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска ќе го разгледа тримесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за ситуацијата на Косово во 2013 година, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.

Во извештајот се наведува дека 2013 била година на значителен политички напредок, благодарение на дијалогот меѓу Белград и Приштина и Бриселскиот договор. На седницата на Советот за безбедност ќе присуствува и српскиот премиер во оставка, Ивица Дачиќ.