Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави дека се разочарал од многу светски лидери кои повеќе се посветени да останат на власт отколку да го подобрат животот на другите.
Тој додаде дека не разбира зошто Сирија е „заложник на судбината на еден човек, нејзиниот претседател Башар ал Асад“, пренесува Танјуг.
Бан истакна дека при приватен контакт лидерите имаат можност да ја запознаат неговата многу поразлична и поостра страна.
Иако го опишуваат како „тивок“, Бан тврди дека зборувал за човековите права повеќе од кој било западен лидер.