Банка на Јапонија ги укина негативните каматни стапки

Банка на Јапонија (БОЈ) денеска, по осум години, ги укинува негативните каматни стапки. Иако тоа ќе биде прво зголемување на каматните стапки во изминатите 17 години, истите ќе се држат близу нула бидејќи кревкото економското закрепнување ја принудува централната банка да го забави понатамошното зголемување на трошоците за задолжување.

Со одлуката, БОЈ се откажува од политиката воведена во 2016 година – надомест од 0,1 проценти за одредени финансиски институции кои имале вишок резерви во Банка на Јапонија.

Централната банка исто така ја напушта контролата на приносите, политика што се применуваше од 2016 година и која ги ограничувапше долгорочните каматни стапки околу нула.