Француската банка „BNP Paribas“ објави во понеделникот дека ќе ја продаде американската филијала „Bank of the West“ на канадската групација „BMO Financial Group“за 16,3 милијарди американски долари.
„BNP Paribas“ тешко го држеше чекорот со поголемите конкуренти на американскиот пазар на ткн малопродажното банкарство, а самата продажбам, исто така, ќе ја зајакне „BMO Financial Group“ во САД.
Со оваа продажба, „BNP Paribas“ во целост ќе се насочи на Европа, каде што расте како една од најголемите инвестициски банки во регионот додека локалните конкуренти исчезнуваат. Последните две когоди ги презема акционерските и посредничките работи од германската „Deutsche Bank“ и од швајцарска „Credit Suisse“.
„Станува збор за трансакција којашто ја зголемува вредноста за сите вклучени страни и којашто го нагласува квалитетот на франшизата Bank of the West“, изјави во понеделникот Жан-Лорен Бонафе, извршниот директор на „BNP Paribas“.
Француската банка соопшти дека приходот од продажбата ќе го употреби за финансирање на поголем откуп на акции и брзи аквизиции, како и за натамошен развој на нејзиното присуство во Европа.
Исто така, соопшти дека ќе ги консолдираат и натаму да ги развиваат своите активности во САД, а сумата од продажбата би можело на „BNP Paribas“ да му даде поголема стратешка флексибилност од другите европски банки. Додадоа и дека своите главни стратешки планови ќе ги разјаснат во февруари и март следната година.
„Има смисла. ‘Bank of the West’ не беше толку стратешки важна за нив, Никогаш не сакаа да бидат голема бнаја за малопродажба во САД, а можат повеќе да се концентрираат на своето европско инвестициско банкарство, каде што ќе остваруваат поголем профит“, изјави за Reuters Јон-Марк Валаху, управител фонд „Clairinvest“.
Аналитичарите „Credit Suisse“, и „Keefe“ и „Bruyette & Woods“ велат дека продажната цена од 16 милијарди долари е повисока отколку што многумина аналитичари предвидуваа.
„BNP Paribas“ ја купи „Bank of the West“ во 1979 година и оваа филијала беше една од нејзините најголеми активности надвор од Европа.
Од „BMO Financial Group“ соопштија дека аквизицијата ќе му донесе речиси 1,8 милиони клиенти, како и дека ќе ја прошири своето банкарство присуство преку 514 дополнителни експозитури и комерцијални канцелрии на клучните американски пазари кои растат.
Додаваат и дека „Bank of the West“’, коај е основана 1874 година, исто така, ќе ѝ пренесат на канадската компанија околу околу 56 милијарди долари во заеми и 89 милијарди долари во депозити.