Банките не префрлиле дел од помошта на сметките на граѓаните кои не ги ажурирале податоците

Граѓаните кои се на списокот за добивање државна помош од шест илјади денари, доколку до петок не ги ажурираат податоците во банка, можат да останат без пари. Банките имаат обврска на 26-ти декември да ги вратат назад во буџетот парите од овој пакет на помош кои до 25-ти нема да легнат на сметките на граѓаните. Ова правило досега не беше јасно кажано од Владата, но е објавено на веб страниците на сите комерцијални банки. Истото важи и за граѓаните кои немаат трансакциска сметка во банките од каде што треба да ја подигнат помошта.

„Потребно е најдоцна до 25.12.2020 година да отворат трансакциска сметка, или да ги ажурираат личните податоци во Банката за да може да им се исплати финансиската помош од Владата. Доколку не бидат ажурирани податоците, средствата од финансиската поддршка нема да бидат распоредени на нивната сметка, и според одредбите на Законот ќе бидат вратени на сметката на Владата на РСМ“, соопштуваат комерцијалните банки.

Граѓаните кои имаат блокирани сметки од било која банка, треба да отворат нова наменска сметка за на таа да им бидат префрлени парите. Извршителите неможат во никој случај да имаа пристап до овие шест илјади денари односно, банките не смеат и немаат право шесте илјади денари да ги префрлаат за исплата на долгови кон извршители или за заостанати рати за кредитни обврски.Листите на самохраните родители, уметниците и естрадните уметници се уште се чека да се објават за да може и оваа категорија на граѓани да ги добијат средствата. Од Владата уверуваат дека парите оваа категорија на граѓани ќе ги добијат до крајот на неделата.