Деловните банки почнаа да ги објавуваат условите кои граѓаните треба да ги исполнат за второ одложување на кредитните обврски. Изгубено работно место од појавата на панедемијата, намалена плата или високи трошоци за лекување се трите критериуми за банката да дозволи ново шестмесечно одложување, почнувајќи од 1 октомври. Секоја банка ќе ги извести клиентите кои ги исполнуваат условите со понуда за второ одложување, а граѓаните во рок од 10 дена ќе треба да кажат дали ја прифаќаат понудата. Оние кои нема да добијат известување од банката за второ одложување, доколку сакаат, можат тоа да го побараат од банката и да чекаат од известување дали барањето им е прифатено.
-Кредитокорисникот или ко-кредитобарателот има престанок на работен однос во периодот на кризата
-Кредитокорисникот иили ко-кредитобарателот имаат намалување на платата од најмалку 10% во периодот на кризата
-Високи медицински трошоци поради болест предизвикана од COVID-19
Сепак, за да добијат второ одложување клиентите ќе треба со соодветна документација да докажуваат дека се негативно погодени од кризата. И тоа:
-Извод од транасакциска смета за период од 01.01.2020 до 31.08.2020
-Доказ за престанок на работниот однос
-Медицинска документација која датира од 2020 година
-Друга документација по барање на банката
Она што граѓаните треба да го имаат во предвид е дека и со второто продолжување на кредитните обврски, нема да бидат поштедени од каматата. Како и за првиот шест месечен период така и за овој банката ја пресметува каматата која потоа ќе биде додадена во остатокот од ратите за кредитниот производ.