Полицијата во текот на викендов извршила контрола во ноќниот бар „Енерџи клуб“ на регионалниот пат Тетово-село Сарачино, во сопственост на А.М.(33), при што биле откриени десет странски државјанки, од кои девет од Србија и една од Албанија, како и три Македонки, кои незаконски работеле во клубот.
Станува збор за Ј.С.(27), М.М.(23), К.С.(28), Ј.Т.(21), М.А.(23), С.М.(30), С.М.(27), Т.Т.(25), А.С.(23) од Србија, С.Г.(20) од Албанија и В.М.(36), Н.К.(32) и Г.М.(37) од Македонија.
Во објектот се затекнати и сопственикот на угостителскиот објект и Х.И.(34), од Прешево, Србија. Лицата беа приведени и задржани во СВР Тетово за расчистување на случајот по што против седум лица, странски државјани беа поднесени барања за поведување прекршочна постапка. Од страна на Основен Суд Тетово на лицата им е одредена парична глоба и мерка „Забрана за влез во РМ“ во времетраење од 1 година.
Против А.М., сопственикот на угостителскиот објект по целосно документирање ќе биде соодветна пријава поднесена пријава, додека против И.Х. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено дело „помагање за илегално преминување на државната граница“ на две странски државјанки.