Барање до амбасадите за меѓународно набљудување на пописот на населението

Докторот по политички науки Ѓула Челику испрати писмо до амбасадите во Македонија, при што укажува на манипулации со пописот и бара меѓународно меѓународно набљудување.

Во целост ви го пренесуваме писмото на Челику.

Почитувани амбасади во Северна Македонија,

Во Македонија, по 30 години, се спроведува попис. Дијаспората започна со попишување од 1 март, но со многу проблеми. Како албански државјанин, доктор по политички науки, активист за правата на жените и албанските права и претседател на невладината организација „International Women’s Club“ регистриран во Македонија, изразувам загриженост за манипулациите при пописот и нефункционирањето на системот за апликација:

1. Системот бара податоци и матичен број за преку е-пошта да ти пристигне код, а потоа продолжува попишувањето, но мојата загриженост е како истите луѓе со различни мејлови да можат да се регистрираат неколку пати? Откако ќе се внеси еднаш, матичниот број не може да се најавува два пати, бидејќи тој мора да биде зачуван во системот.

2. Бидејќи се сметаме за мултиетничка држава и апликацијата е исто така и на албански јазик, повторно системот е нефункционален бидејќи има прашања на албански јазик, додека одговорите задолжителни на македонски јазик. Зарем ова не е дискриминација и дезориентираност за албанската дијаспора?

3. Третото и најболно е тоа што може да се регистрираат и мртви луѓе каде што македонски државјанин излегува отворено со видео запис како ја регистрирал и својата мртва мајка. Дали се прави попишување на живите или мртвите или уште една манипулација во низата? Зошто заводот за статистика не ги евидентира мртвите и автоматски не го прифаќа тој матичен број?

И додека Европската унија бара од нашата држава попис, таа мора да биде ефикасен и прифатлив за граѓаните, а не манипулативен попис.

Ефикасно ќе беше кога оваа процедура ќе ја надгледуваа меѓународни професионалци и посакувам вие да ги испратите вашите претставници да го набљудуваат пописот!

Со многу почит,
Д-р Ѓула Челику