Германија во петокот објави дека е потребен договор меѓу западните сојузници за да ја одобри испораката на тешките борбени тенкови од германско производство на Украина, со што се распаднаа надежите на Киев за брза одлука во услови кога руските сили ги пробиваат одбранбените позиции на украинската војска на истокот од земјата.
Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и на уште десетина други земји кои гравитираат на западниот блок се сретнаа во петокот во американската воздухопловна база Рамштајн во западна Германија за да договорат нов пакет воена помош за Украина, во прв ред да извршат притисок врз Берлин да ги испорача своите модерни тенкови „Leopard 2“ или да им дозволи на трети земји коишто ги поседуваат да ѝ ги предадат на Украина, стравувајќи дека Русија подготвува голема офанзива.
САД и руската сосетка Финска, којашто сѐ уште не е членка на НАТО и очекува Турција да го симне ветото за нејзиниот прием, најавија нови големи пред состанокот најавија нови големи воени пакети воена помош за Украина, во последниот обид да извршат притисок врз Германија да го одобри испраќањето тенкови.
Меѓутоа, германскиот министер за одбрана Борис Писториус, изјави дека не може да каже кога ќе биде донесена одлуката за тенковите, но дека Германија е подготвена брзо да дејствува доколку постои консензус, кој засега е констатирано дека го нема, меѓу сојузниците.
„Има аргументи за и против и сите тие треба добро да се одмерат“, изјави по состанокот Писториус потврдувајќи дека било разговарано за тоа прашање но дека одликата не е донесена.
Писториус не кажа, а и другите учесници на состанокот не го сторија тоа, кои сојузници не се согласуваат со испраќањето на германските тенкови „Leopard 2“ во Украина. Германскиот министер, исто така, не кажа во што ги гледа предностите а во што недостатоците на таквите настојувања.
Владата на канцеларот Олаф Шолц се колеба да го одобри извозот на тенкови, со образложение дека тоа може да ја испровоцира Русија. Повеќе западни функционери, исто така, ја истакнаа загриженоста, имајќи ги досегашните случувања на боиштето, дека руската војска може да го зароби и ова напредно западно оружје и да ја дознае неговата технологија што ќе ѝ овозможи да направи ефикасно противоружје .
Кремљ пред почетокот на состанокот во Рамштајн порача дека тенковите нема да ѝ помогнат на Украина на бојното поле туку само ќе ја влошат состојбата на земјата и ќе ги зголемат страдањата на Украинците. Портпаролот Дмитриј Песков притоа му порача на Западот дека „ќе зажали поради своите заблуди“ дека можат да му помогнат на режимот во Киев да победи на боиштето.
Обраќајќи се на почетокот на состанокот во Рамштајн, украинскиот претседател Владимир (Володомир) Зеленски, им се заблагодари на сојузниците на помошта, но рече дека е „потребно повеќе и побрзо“.
„Мораме да забрзаме. Времето мора да стане наше оружје. Кремљ мора да загуби“, рече Зеленски веќе отворено демонстрирајќи јја непосредната вклученост на западните земји во украинската војна против инвазијата на Русија.
Претходно во говорот, овојпат попретпазливо, имлицираше дека Германија ги кочи другите земји испраќањето на тенковите во Украина, но не го спомена недонесувањето на таква одлука на САД за американските тенкови „Abrams“.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека поддржувачите на Украина не мора да се насочат само на испраќање на ново оружје, туку и на снабдувањето со муниција за старите системи и на помош за нивно одржување.
„Русија ги прегрупира силите, регрутира и се обидува повторно да се опреми. Ова не е момент за забавување. Време е да се загребе подлабоко. Украинскиот народ нѐ гледа“, рече американскиот министер за одбран Лојд Остин без да пружи конкретни показатели за своите тврдења но избегнувајќи конкретно да ги спомене тенковите.
И претходно извори до германската влада навестуваа во медиумите дека ќе го отворат прашањето за испораките на тенковите „Leopard 2“, доколку САД се согласат да ги испратат своите тенкови „Abrams“ во Украина.
Но тие не се вклучени ниту во новиот пакет од 2,5 милијарди долари објавен во четвртокот вечерта, бидејќи воените стручњаци во Вашингтон оценуваат дека ова скапо оружје ќе ѝ предизвика проблеми на Украина во нивното одржување и логистика, имајќи предвид дека брзо трошат големи количества гориво. Покрај тоа, украинската војска нема обучени екипажи за таквите тенкови со најнапредна технологија.
На состанокот група од девет држави на НАТО, предводени од Велика Британија и Полска, ѝ ветија на Украина нова воена помош и поддршка во војната против Русија. Министрите ветија проектили, противвоздушни системи „Stinger“, противвоздушни топови, тешк митралези, обука и друга воена опрема и услуги, меѓу кои секако се разузнавачки информации и сателитски снимки на руските позиции.
Велика Британија, којашто претходно објави дека ќе испрати една дивизија од 12 свои тенкови од типот „Challenger 2“ од 50-те такви тенкови кои Киев ги побара, а според министерот за одбрана Бен Валас, ќе испрати и 600 проектили „Brimstone“.
Полска објави дека испратила противавионски топови „S-60 со 70.00о проектили и е подготвена да донира тенкови „Leopard 2“ од германско производство, доколку Германија како земја производител според меѓународните договори го одобри тоа, „во очекување на поширока коалиција на донатори“ на овие тенкови, се наведува во заедничката изјава по состанокот во Рамштајн.
Неколку часа по состанокот, данската влада објави дека на Украина ќе ѝ донира 19 хаубици.