Поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел ја поддржаа кандидатурата на Камала Харис за претседател на САД во петокот во едноминутно видео во кое беше снимен приватен телефонски разговор меѓу двијката и актуелната потпретседателка.
„Се јавивме да кажеме дека Мишел и јас сме повеќе од горди што ве поддржуваме и правиме сѐ што можеме за да ги минете овие избори и да влезете во Овалната соба“, ѝ рече Обама на Камала Харис. „Горда сум на тебе, ова ќе биде историско“, рече поранешната прва дама.
Зборувајќи на мобилниот телефон и неколкупати насмеана, Харис изрази благодарност за поддршката и нивното долгогодишно пријателство. „Ви благодарам и двајцата. Тоа значи многу“, рече Харис.
Кампањата на Харис соопшти дека видеото е вистински повик, а не реконструкција.
Кандидатурата на Камала Харис, по повлекувањето на актуелниот претседател Џо Бајден, против републиканскиот ривал Доналд Трамп продолжува да добива на сила меѓу поддржувачите, донаторите и политичарите од Демократската партија.
Обама, првиот американски претседател со афро-американско потекло, останува една од најпопуларните личности во Демократската партија дури и по повеќе од една деценија откако беше последен пат избран. Обама веднаш не ја поддржаа Харис откако Бајден, неговиот поранешен потпретседател, под притисок од сопартијците се повлече од претседателската трка во полза на негова потпретседателка. Обама, наводно, не сакал јавно да се легитимира додека партијата работи на процесот на идентификување на нејзиниот кандидат.