Барале 25.000 евра на Тик-ток за да кажат каде е Данка – вечерва се трага во Босна и Херцеговина

Припадници на Федералната полиција во БИХ уапсиле три лица по акт на Интерпол од Белград, за кои се сомничат дека на социјалната мрежа „Тик Ток“ објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на 2-годишната Данка Илиќ во Србија, пренесува „Аваз“.

Според медиумот, се уапсени на подрачјето на општија Наџичи, сите државјани на БИХ. Акцијата е во тек.