Баран од Интерпол уапсен при обид да ја премине македонската граница

Во саботата попладне државјанин на Косово, по кого била распишана потерница од меѓународната криминалситичка полиција Интерпол, било приведено при обидот да влезе на македонска територија.

На 25.05.2019 година во 18,30 часот на Граничниот премин Долно Блаце при влез во Р.С.Македонија лишен од слобода бил B.K.(29) од Косово бидејќи при проверка во стоп листата евидирал со мерка „Апси“ по барање на Интерпол-СР Германија. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Карпош за понатамошна постапка, известија од МВР.